Работен состанок со претставници на Светска банка [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работен состанок со претставници на Светска банка

Press realeses  |  Jul 24, 2025
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, денес на 24 јули 2025 година, одржа работен состанок со претставниците од Светска банка, Зоран Скопљак и Марина Матиќ Бошковиќ.

Целта на состанокот беше презентација на Извештај за напредокот изработен врз основа на резултатите од истражувањето спроведено во земјава за перцепциите кон правосудениот систем од страна на судиите, обвинителите, вработените во судската администрација, како и адвокатите, нотарите и извршителите во Република Северна Македонија, во рамки на проектот ЕУ за Владеење на правото: Поддршка на креирање политики засновани на докази за перформансите на правосудниот систем во Западен Балкан.

Присутните се согласија дека ова истражување е од особена важност за поддршка на реформите и модернизација на правосудниот систем во Република Северна Македонија.

Претседателот на Врховниот суд ги повтори заложбите за продолжување и проширување на соработката и во иднина со цел подобрување на состојбите во правосудниот систем на земјава.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_