Работен состанок со претставници на Светска банка
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Работен состанок со претставници на Светска банка



Целта на состанокот беше презентација на Извештај за напредокот изработен врз основа на резултатите од истражувањето спроведено во земјава за перцепциите кон правосудениот систем од страна на судиите, обвинителите, вработените во судската администрација, како и адвокатите, нотарите и извршителите во Република Северна Македонија, во рамки на проектот ЕУ за Владеење на правото: Поддршка на креирање политики засновани на докази за перформансите на правосудниот систем во Западен Балкан.
Присутните се согласија дека ова истражување е од особена важност за поддршка на реформите и модернизација на правосудниот систем во Република Северна Македонија.
Претседателот на Врховниот суд ги повтори заложбите за продолжување и проширување на соработката и во иднина со цел подобрување на состојбите во правосудниот систем на земјава.