С О О П Ш Т Е Н И Е за јавна седница
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е за јавна седница
Новости
|
01.12.2017
Врховниот суд на Република Македонија на ден 04.12.2017 година, во 11 часот, во салата на I кат, ќе одржи јавна седница по предметот Вкж2 бр.10/2017.
Предметот Вкж2 бр.10/2017 е оформен по жалба против пресуда КЖ-281/17 донесена од Апелациониот суд Битола со која е потврдена првостепената пресуда на Основниот суд Охрид К.бр.123/16 со која на обвинетиот во конкретниот предмет му е изречена казна доживотен затвор, а во врска со убиството во Охрид на 21.08.2014 година.