Средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска

Njoftime  |  13 Shk 2019

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 13.02.2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, повторно оствари средба со Претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска, г-дин Ѓуро Сеса, меѓународен експерт и консултант за Врховниот суд на Република Северна Македонија, за практичната имплементација на Националната стратегија за реформи во правосудниот сектор и акциониот план во согласност со европските стандарди и практика.

На средбата се дискутираше за примената на мерките кои беа договорени на претходните средби, кои имаат за цел зајакнување на капацитетот на судот во делот на следење на судската практика, во насока на обезбедување единство во примената на законите од страна на судовите и да се овозможи Врховниот суд на Република Северна Македонија да преземе водечка улога во тој процес и во заложбите за зголемување на правната сигурност во земјата.

Соговорниците ги утврдија заклучните согледувања и изразија задоволство од остварената соработка.

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_