Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање пред новата генерација слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање пред новата генерација слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители

Настани, Новости  |  12.5.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, имаше поздравно обраќање на свечена церемонија по повод приемот на осмата генерација слушатели на почетна обука во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија.

 

             

 

Претседателката Адеми кон новата генерација слушатели во Академијата порача:

Знаењето кое ќе го стекнете и надградите во оваа почетна обука како во теоретскиот дел така и во практичниот дел, ќе биде од огромно значење во Вашата изградба како професионални, независни, непристрасни и ефикасни судии и јавни обвинители, но и како Ваш понатамошен вредносен и етички избор. Уверена сум дека во Вас се содржани сите квалитети со сите вредносни определби за вршење на одговорната судиска и обвинителска функција и верувам дека обуката низ која ќе поминете ќе го зацементира кај Вас разбирањето на правдата како водечка идеја на правото, како цивилизирана придобивка – гарант на човековите слободи и права“.

Претседателката Адеми додаде дека Врховниот суд како од започнувањето на функционирањето на Академијата, така и понатаму, ја дава и ќе ја дава својата севкупна поддршка на Академијата во сите иницијативи на планот на реализирање на почетната и на континуираната обука.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_