Шести регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Шести регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

Njoftim për opinionin  |  25 Mar 2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски и судијата на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Рахилка Стојковска, учествуваа на шестиот по ред Годишен регионален форум посветен на владеењето на правото, кој се одржа на 22 и 23 март 2019 година во Дубровник, Република Хрватска.

На форумот, кој е во организација на AIRE Центарот и Организацијата Civil Rights Defenders, а поддржан од Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Обединетото Кралство, Владата на Шведска и Фондацијата Конрад Аденауер, учествуваа судии од целиот регион кои судат во Европскиот суд за човекови права, претседатели и судии на врховните и уставните судови од регионот, директорите на академиите за обука на правосудството, владините агенти за застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, претставници од невладиниот сектор и истакнати правни експерти во оваа област.

Тема на шестиот по ред Годишен регионален форум беа правата на детето во контекст на Европската конвенција за човекови права. Се дискутираше за прашања како што се семејното насилство (каде децата се жртви и сведоци), трговија со луѓе, азил, старателство и грижа за децата, како и пристап до правда за децата.

Целта на форумот беше да ја промовира имплементацијата на Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да ја поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да помогне во процесот на интеграција на регионот во Европската Унија.

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_