Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела

Соопштенија за јавност  |  09.11.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 08.11.2021 година (понеделник) одржа седница на Одделот за казниви дела, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 20.05.2021 година.

2. Расправа по предлог текст – Правилник или Упатство за висината и начинот на определување на реално направените трошоци за прекршочната постапка пред судовите.

3. Расправа по спорни правни прашања од кривична област на четирите апелациони судови.

4. Усвојување на Правното мислење донесено на седницата на Одделот за казниви дела од 20.05.2021 година.

5. Донесување и усвојување заклучок преку Одделот за судска пракса по правно прашање на Апелациониот суд Скопје, за одлучување по имотно-правното побарување на оштетен согласно член 114 од ЗКП (одложено од 20.05.2021 година).

6. Расправа по усвоени заклучоци на Одделот за казниви дела во 2019 година, 2020 година и 2021 година, за објавување на WEB страната на овој суд.

7. Расправа по предметот Квп2.бр.25/21, за не/одржување јавна седница во скратена постапка пред второстепениот суд.

8. Расправа и усвојување на сентенци по предметите во овој суд: Квп2.бр.7/20, Квп2.бр.18/21, Вкж1.бр.9/21, Квп2.бр.5/21, Вкж2.бр.14/21 и Кзз.бр.1/21.

По одржаната расправа:

  • По првата точка од Дневниот ред, усвоен е записникот од седницата на Одделот за казниви дела одржана на ден 20.05.2021 година.
  • По втората точка од Дневниот ред, беше расправано и е усвоен предлог текстот – Правилник/Упатство за висината и начинот на определување на реално направените трошоци за прекршочната постапка пред судовите.
  • По третата точка од Дневниот ред, беше расправано и се донесоа Заклучоци по одредени спорни правни прашања од кривична област на четирите апелациони судови, кои дополнително ќе бидат објавени на WEB страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
  • Четврта, петта, шеста и осма точка од Дневниот ред се одложени за следна седница на Одделот за казниви дела, која ќе се одржи на 24.11.2021 година, во 12,00 часот.
  • По седмата точка од Дневниот ред, беше расправано по предметот Квп2.бр.25/21 и истиот е одлучен.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_