Известување за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за јавност

Соопштенија за јавност  |  25.4.2019
Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија за разгледување на извештаите за работата на судовите за 2018 година.

Врховниот суд на Република Северна Македонија на 24 април 2019 година, одржа Општа седница на која се разгледуваа извештаите за работата на сите судови за 2018 година, од аспект на ажурноста и квалитетот на работата. На Општата седница беа поканети и присуствуваа претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Караџовски, како и претседателите на четирите апелациони судови и претседателот на Вишиот управен суд.

Во текот на 2018 година, судовите во работа имале вкупно 561.489 предмети, а решени се 471.923 предмети. Останале нерешени 89.566 предмети. Со тоа, судовите во 2018 година успеале да го совладаат приливот на предмети и го намалиле заостатокот од 2017 година за 14.865 предмети.

На одржаната седница се разгледуваше ажурноста и квалитетот на работата на секој суд поединечно, ангажираноста на судиите и работата на судската управа, меѓутоа се дискутираше и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат судовите во своето работење. Воедно, се разгледуваше и целокупната состојба во судството, можните начини за надминување на недостатоците и подобрување на ефикасноста и квалитетот на работењето на судовите, со што ќе се постигне и зголемување на довербата на јавноста во судскиот систем.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_