Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  17.5.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM на 30.05.2022 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 04.04.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец април 2022 година;

3. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, Националното биро за осигурување или осигурителната компанија која ја надоместила штетата (точка одложена од 04.04.2022 година);

4. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето дали на работник вработен на одредено работно место со утврден коефициент на плата му следува разлика на плата во случај кога со писмено задолжение се упатува, покрај работите и работните задачи предвидени со договорот за вработување, времено да извршува и да се обучува за работни задачи на друго работно место со утврден повисок коефициент на плата од оној предвиден за работното место според договорот за вработување, и тоа до онаа плата предвидена за работното место на кое постојано работи и ги извршува работните задачи кои произлегуваат од тоа работно место;

5. Разгледување на барањето на Ана Петровски, адвокат од Скопје, за донесување на правно мислење во врска со примената на одредбите од член 5, член 8 и член 10 од Законот за финансиска дисциплина, односно дали надоместокот кој произлегува од Законот за финансиска дисциплина се плаќа за секое задоцнето плаќање на обврска во последните три години или се плаќа само за доспеани и неплатени обврски;

6. Разгледување на барањето за донесување на правно мислење во врска со правното прашање дали во случај кога ќе настапи смрт на странката, постапката треба да се прекине согласно Законот за парничната постапка или таа треба да продолжи;

7. Запознавање на Одделот за граѓански дела со поднесокот на стечаен управник, насловен како укажување за неправилно досудени трошоци;

8. Разно.

 

                                                                                                              Оддел за граѓански дела        

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_