Средба со претставници од Британската амбасада во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со претставници од Британската амбасада во Република Северна Македонија

News  |  Apr 12, 2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 11 април 2019 година оствари средба со г-дин Том Галовеј и г-а Искра Андреева од Британската амбасада во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и Рахилка Стојковска, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и г-дин Жарко Хаџи-Зафиров, претставник од Центарот за правни истражувања и анализи.

На средбата се дискутираше за продолжување на соработката помеѓу двете институции, преку проект за функционална анализа на работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија, со конкретна цел да се утврдат состојбите и да се направат проекции од материјален и кадровски аспект.

Соговорниците изразија благодарност за одржаната средба и желба за успешна соработка и во иднина.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_