Учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија на конференција на претседатели на врховни судови и јавни обвинители
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија на конференција на претседатели на врховни судови и јавни обвинители
На конференцијата, организирана од Врховниот суд на Црна Гора во соработка со Амбасадата на САД во Подгорица, учествуваа претседатели на судови и судии на највисоките судови, како и претставници од највисоките јавни обвинителства од повеќе држави од Европа, Азија и САД. Основна цел на настанот е зајакнување на соработката помеѓу земјите членки на Европската Унија и поширокиот регион, преку продолжување на дијалогот и размена на искуства и добри практики во спречувањето и сузбивањето на тероризмот и илегалната миграција, како исклучително сложени, транснационални закани.
На оваа конференција се дискутираше и се разменуваа искуства на следните теми:
- кривично-правната заштита и механизмите на борба против тероризмот и илегалната миграција,
- меѓународен тероризам, потребата од соработка заради брз пренос на информации, како предизвик за квалитетна истрага и обезбедување на меѓународна правна помош,
- искуствата на Врховниот суд во Делавер, САД, по однос на правните и етичките прашања поврзани со илегалната миграција и финансирањето на терористичките активности и
- меѓународна соработка, најдобрите практики и искуства.
Со почит,