Средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија
Press realeses
|
Dec 20, 2019
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18 декември 2019 година, оствари средба со Н.Е. г-а Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за одличната соработка со Британската Амбасадa и можностите за унапредување на истата и во иднина, при што вд претседателот м-р Фаик Арслани изрази благодарност за досегашната поддршка. Соговорниците разменија мислења за улогата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во реформскиот процес во делот за правосудството, но и потребата од подобрување на капацитетите на Судот со судиски и стручно-административен кадар, за да се обезбедат услови за непречено и навремено извршување на задачите од надлежност на Судот.
Средбата заврши со заемно искажана благодарност.