Работен состанок со Коалицијата „Сите за правично судење“
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Работен состанок со Коалицијата „Сите за правично судење“
Соопштенија за јавност
|
21.7.2025
Согласно склучениот Меморандум за соработка, денес на 21 јули 2025 година, преседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Африм Фидани, одржа работен состанок со извршниот директор Дарко Аврамовски и Ивана Петковска, проектен координатор на Коалицијата „Сите за правично судење“.

На состанокот се разговараше за планирање и подготовка на заеднички активности, а посебно за организирање на средба на ниво на Врховниот суд со четирите апелациони судови, за разгледување на правни прашања кои се од важност за воедначување на судската практика.
Претседателот Фидани го потенцираше значењето на соработката со невладиниот сектор во реализирање на заложбите за унапредување на правосудниот систем.