СООПШТЕНИЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ

Известувања  |  26.9.2018
Согласно надлежноста на Врховниот суд на Република Македонија во постапката за заштита на гласачкото право при спроведување на референдум на државно ниво, која произлегува од член 64 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2005), Врховниот суд на Република Македонија одлучува по жалбите против решенијата на Државната изборна комисија, изјавени во рок од 48 часа од денот на приемот на решението.

            Имајќи ја предвид таквата надлежност на Врховниот суд на Република Македонија, Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија на ден 25 септември 2018 година (вторник), донесе Одлука за начинот на постапување на судот и избор на судии во совети од петмина по пат на ждрепка. По донесување на одлуката, по пат на ждрепка беа формирани советите кои ќе одлучуваат по жалбите изјавени против решенијата на Државната изборна комисија. Во формирањето на советите учествуваа вкупно 16 судии на Врховниот суд на Република Македонија и тоа сите судии, освен Претседателот на судот и судиите кои од оправдани причини се спречени да постапуваат, поради што беа изземени од ждребањето за членови на советите.

            Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека се формирани три совети, кои ќе одлучуваат по изјавените жалби, а предметите ќе бидат распределувани помеѓу судиите по пат на автоматска електронска распределба која се врши преку Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети.

 

Првиот совет од петмина членови ќе се формира од судиите:

 

1.Судија д-р Марика Матеска – претседател

2.Судија Васил Грчев - член

3.Судија Мирјана Радевска Стефкова - член

4.Судија Беса Адеми - член

5.Судија Исамедин Лимани - член

6.Судија Африм Фидани - член

 

Вториот совет ќе постапува во следниот состав :

 

1.Судија Киро Здравев – претседател

2.Судија Шпенд Деваја - член

3.Судија м-р Снежана Бајлозова - член

4.Судија Рахилка Стојковска - член

5.Судија Стојанче Рибарев - член

           

Третиот совет ќе постапува во следниот состав :

 

1.Судија Николчо Николовски – претседател

2.Судија м-р Фаик Арслани - член

3.Судија Лидија Неделкова  - член

4.Судија д-р Џемали Саити - член

5. Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија - член

 

Одлуките на советите ќе бидат јавно објавени.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_