Поздравно обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми по повод Денот на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Поздравно обраќање на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми по повод Денот на правосудството

Соопштенија за јавност  |  30.3.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми по повод Денот на правосудството – 31 март, поздравно се обрати на Свечената академија организирана од страна на Здружението на судиите на Република Северна Македонија со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во своето обраќање Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија ја нагласи потребата од континуирано градење и одржување, современ и ефикасен судски систем, независни и ефикасни судови, како и потребата за почитување на самостојноста на судијата, но и одговорното стручно и совесно вршење на судската функција, негување на судскиот интегритет и висок професионализам, кои се сигурна основа за враќање на довербата на граѓаните во судството, обезбедување на правна сигурност и заштита на демократските човекови права и слободи.

На крајот од свеченото обраќање Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми упати честитки по повод Денот на одбележувањето на македонското судство - 31 март.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_