Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела

Press realeses  |  Nov 23, 2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за казниви дела на 24.11.2021 година (среда), со почеток во 12,00 часот, во салата за Општи седници на V кат, со следниот предлог на:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 08.11.2021 година.

2. Расправа по Препораките на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП и усвојување на начелен став во предметот Бајиќ против РСМ, А.бр.2833/13 од 10 јуни 2021 година, за доследна примена на начелото на еднаквост на оружјата и контрадикторност на кривичната постапка.

3. Усвојување на Правното мислење донесено на седницата на Одделот за казниви дела од 20.05.2021 година – одложена од 08.11.2021 година.

4. Донесување и усвојување заклучок преку Одделот за судска пракса по правно прашање на Апелациониот суд Скопје, за одлучување по имотно-правното побарување на оштетен согласно член 114 од ЗКП (одложено од 20.05.2021 година и 08.11.2021 година.).

5. Разгледување на допис на Судски совет на РСМ бр.02-1408/1 од 14.09.2020 година за казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот, доставен преку Одделот за судска практика СПР.бр.24/21.

6. Расправа по усвоени заклучоци на Одделот за казниви дела во 2019 година, 2020 година и 2021 година, за објавување на WEB страната на овој суд – одложена од 08.11.2021 година.

7. Расправа и усвојување на сентенци по предметите во овој суд: Квп2.бр.7/20, Квп2.бр.18/21, Вкж1.бр.9/21, Квп2.бр.5/21, Вкж2.бр.14/21 и Кзз.бр.1/21– одложена од 08.11.2021 година.

8. Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Скопје: Дали е казнив обидот на кривичното дело - „Тешка кражба“ од член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од КЗ - одложена од 08.11.2021 година.

9.  Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Штип: Каков вид на постапка да се спроведе при решавањето на прекршочен предмет кој веќе еднаш е укинат, а потребно е да се преиначи првостепената пресуда од ослободителна во осудителна, при што потребно е да се утврди поинаква фактичка состојба од онаа која ја утврдил првостепениот суд – одложена од 08.11.2021 година.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_