СООПШТЕНИЕ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ
На средбата се разговараше за состојбата со исплатата на додатоци на плати, започнатите судски спорови и се разгледуваа можните алтернативи за подобрување на статусот на судиите во Република Македонија.
Од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, претседателот на Судскиот буџетски совет и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, беше презентиран понудениот пакет мерки од претседателот на Владата на Република Македонија, г-н Зоран Заев, за решавање на проблемите со исплата на додатоците на плата, но и за севкупниот материјален статус на судиите. Притоа беа презентирани ставовите на сите судии во Република Македонија, изразени на одржаните колегиуми во секој од судовите поединечно. Од презентираните ставови произлезе дека големо мнозинство на судиите се согласува дека треба да продолжи процесот на преговарање со прифаќање на понудата за подобрување на статусот на судиите во Република Македонија. Како резултат на констатираната состојба, се донесе следниот:
З А К Л У Ч О К
Се прифаќа компромисниот предлог за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во Република Македонија.