Претстaвници на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на работна средба за хармонизирање на судската практика [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претстaвници на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на работна средба за хармонизирање на судската практика

 |  06.10.2021
Претставници на Врховниот суд на Република Северна Македонија, во состав од претседателот на Одделот за судска практика судија м-р Снежана Бајлозова, претседателот на Одделот за казниви дела судија Цветанка Периќ и заменикот на претседателот на Одделот за граѓански дела судија Шпенд Деваја, на 06 октомври 2021 година, на покана на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, учествуваа на работна средба со претставници на апелационите судови за хармонизирање на судската практика.

На работната средба се разгледаа спорни правни прашања на апелационите судови од граѓанска и кривична област и референтни одлуки, со цел усогласување на ставовите во насока на хармонизирање на судската практика.

Претседателите на одделите на Врховниот суд на Република Северна Македонија истакнаа дека доставените правни прашања од граѓанската и кривичната област ќе бидат разгледани на седници на оддели во насока на подобрување на конзистентноста на судската практика, од причина што доследната и предвидлива судска пракса е предуслов за обезбедување на правна сигурност, владеење на правото и зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судовите.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_