Работна средба на претседателката на Врховниот суд и министерката за финансии [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба на претседателката на Врховниот суд и министерката за финансии

News  |  Aug 9, 2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, остварија работна средба.

 

На работната средба се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на унапредувањето на финансиската независност на судството од аспект на потребните измени на законските решенија, извршувањето на судскиот буџет, состојбата со човековите ресурси, односно со потребата од судиски и стручен кадар, реализацијата на потребните проекти и капитални инвестиции во судството, финансиската транспарентност и активностите за подобрување на ефикасноста која непосредно е поврзана со буџетските импликации и економичноста на постапките, но и со квалитетот на правдата и примената на европските стандарди.

На работната средба беше истакнато дека се обезбедуваат средства за додатоците на плати за судската администрација која има исклучително важна улога во судскиот систем и дека од суштинско значење е постоењето на континуирана взаемна соработка за остварување на заложбите за законска, функционална и финансиска независност на судството.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_