Средба на Претседателот на ВСРСМ Африм Фидани со Амбасадорот на Е У во Република Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Претседателот на ВСРСМ Африм Фидани со Амбасадорот на Е У во Република Северна Македонија Н.Е. Михалис Рокас




Во фокусот на одржаната средба беше потенцирана важноста на тековните реформи во исполнување на европските стандарди на полето на владеење на правото клучно за евроинтегративниот процес нa Република Северна Македонија.
Претседателот Фидани истакна дека во согласност со препораките нотирани во Извештајот на Европската унија ќе се залага за враќање на довербата на граѓаните во судството, преку зголемување на ефикасното работење на судовите, транспарентноста, соработката со невладиниот сектор и јакнење на капацитетите како материјално - финансиски така и од аспект на човечките ресурси.
Амбасадорот Рокас ја потенцираше потребата за финансиска самостојност на судството кое треба да го добива потребниот буџет загарантиран со закон, за вистинска независност vis-а-vis другите власти.
Соговорниците средбата ја оценија за содржајна и важен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Европската Унија, потврдуваќи ја посветеноста на двете страни во процесот на пристапување на државата во европското семејство.