Одржана средба со претставници на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одржана средба со претставници на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија

Новости  |  13.9.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 12 септември 2018 година во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари средба со заменик Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија, Доналд Бисон и правниот аналитичар Светлана Четаикина, во врска со претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.

 На средбата се разговараше за легислативата со која е регулирана постапката за спроведување референдум и надлежностите на Врховниот суд на Република Македонија, предвидени со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, во делот на заштитата на гласачкото право при спроведување на референдум, како и процедуралните правила преку кои се обезбедува заштитата на ова право на граѓаните. Воедно, на средбата се дискутираше и за веќе воочената неусогласеност на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните со Законот за судовите.

 Средбата заврши со искажана взаемна благодарност за соработката и очекување на успешна соработка за време на спроведување на референдумот, во врска со работите од надлежност на Врховниот суд на Република Македонија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_