Одржана средба со претставници на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одржана средба со претставници на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија
На средбата се разговараше за легислативата со која е регулирана постапката за спроведување референдум и надлежностите на Врховниот суд на Република Македонија, предвидени со Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, во делот на заштитата на гласачкото право при спроведување на референдум, како и процедуралните правила преку кои се обезбедува заштитата на ова право на граѓаните. Воедно, на средбата се дискутираше и за веќе воочената неусогласеност на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните со Законот за судовите.
Средбата заврши со искажана взаемна благодарност за соработката и очекување на успешна соработка за време на спроведување на референдумот, во врска со работите од надлежност на Врховниот суд на Република Македонија.