Претседателот на Врховниот суд на Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Прага [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд на Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Прага

Настани, Новости  |  17.5.2022
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, учествува на Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа која во организација на CEELI институтот се одржува во Прага.

На Конференцијата се говори за повеќе важни прашања од областа на судството кои се однесуваат на пристапот до правдата, судството во Украина, судиската етика, улогата и одговорноста на претседателите на врховните судови, алтернативното решавање на судските спорови и за односите сo јавноста и соработката со медиумите.

Говорејќи за транспарентноста на судството, претседателката Адеми во своето обраќање нагласи дека транспарентноста е еден од клучните принципи преку кои се остварува заштитата на јавниот интерес и заштитата на човековите права.

Транспарентноста и објективното информирање се принципите кои ги упатуваат судството и медиумите на взаемна соработка во име на јавниот интерес. На овој начин се гради меѓусебната доверба, но се гради и довербата на граѓаните кон судството и кон медиумите“, истакна претседателката на Врховниот суд.

Адеми додаде дека во Врховниот суд на Република Северна Македонија направени се значајни квалитативни реформи во поглед на транспарентноста и отвореното судство.

Во Врховниот суд се основаше Советот за отворено судство и се потпиша Декларација со заложба за зголемена транспарентност на информациите за работа на судството и за олеснување на пристапот до информациите за судството. Значајно е што ова претставува главен новитет во Република Северна Македонија во рамките на глобална иницијатива Отвореното владино партнерство. Со воспоставување на овој концепт, Врховниот суд е првиот носител на судска власт во Европа што пристапува и што учествува во Глобалната иницијатива на Партнерството за отворена власт“, истакна меѓу другото, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија во своето обраќање.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_