С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски денес оствари средба со г-дин Рајнхард Прибе, експерт на Европската Унија и претставник на групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото.
За време на средбата се разговараше за препораките од групата од високи експерти за системските прашања за владеење на правото подготвени во 2015 година, како и за актуелната состојба во судството во Република Македонија.
Во текот на средбата Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, со цел подобрување на состојбите на владеење на правото во Република Македонија.
На крајот од средбата, се искажа взаемна благодарност од одржаната средба и се договори продолжување на разговорите во текот на месец јули 2017 година.