Средба со експерти од Европската Унија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со експерти од Европската Унија

Risi  |  8 Kor 2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 05 јули 2019 година, оствари средба со г-дин Раинер Девил, г-дин Ставрос Јоргопулос и г-дин Миодраг Перишиќ, експерти на Европската Унија за поддршка на реформите на правосудниот сектор. На средбата присуствуваше и судија Мирјана Радевска Стефкова и членови на кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше за проектот чија главна цел е поддршка во имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор и Акциониот план во делот на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители, како и зајакнување на капацитетите на сите засегнати субјекти во правосудниот сектор.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го потенцираше значењето на ваквата иницијатива и поддршката која Европската Унија континуирано ја обезбедува со цел остварување на напредок на нашата држава и во делот на судството.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_