Остварена средба со Центарот за правни истражувања и анализи [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Остварена средба со Центарот за правни истражувања и анализи

Известувања  |  18.10.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 17.10.2018 година, во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи.

 

На средбата се разговараше за програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“, која ја спроведува  Центарот за правни истражувања и анализи и која има за цел да ја зголеми правната сигурност и предвидливост преку јакнење на капацитетите во судството, како и да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и практиките во судството во согласност со меѓународните стандарди и практики. Во насока на успешно спроведување на програмата, претставниците од Центарот ја презентираа алатката „Матрица за мерење на перформансите на правосудството“, креирана во соработка со Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија, како инструмент за мерење на напредокот на судските реформи во Стратегијата за реформи во правосудствотo. Се дискутираше пред се за начинот на спроведување на активностите, а Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, истакна дека Судот ќе го поддржи спроведувањето на овој инструмент и изрази надеж дека на овој начин ќе се лоцираат слабостите и проблемите во работењето на правосудството и ќе се изнајдат начини истите да се надминат.  

 

Претставниците од Центарот за правни истражувања и анализи искажаа благодарност до Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, за досегашната поддршка и соработка.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_