Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје

Соопштенија за јавност  |  12.1.2022
Денес во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се оствари работна средба помеѓу Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми, Заменикот на претседателот и Претседател на Одделот за казниви дела судија Цветанка Периќ, со ВД Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев.

На средбата се разговараше за тековните состојби во Кривичниот суд, за ефикасното водење на кривичните постапки и за надминување на проблемите со старите предмети.

Се разговараше и за тековните измени на Законот за кривичната постапка, кој се очекува позитивно да влијаат во поглед на ажурирањето на постапките.

Во текот на средбата стана посебно збор во поглед на забрзувањето на постапките по предметите иницирани од страна на Специјалното јавно обвинителство и штом се создадат услови нивно завршување.

На крајот соговорниците ја констатираа максималната поддршка која Врховниот суд ја дава на Основниот кривичен суд, како и за продолжување на соработката на Претседателите на двата суда во рамките на судската управа.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_