Посетата на Оценска мисија за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Управна постапка и управно право на Врховниот суд на РМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Посетата на Оценска мисија за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Управна постапка и управно право на Врховниот суд на РМ

Новости  |  12.6.2018
Во рамките на посетата на Оценска мисија за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Управна постапка и управно право на Република Македонија, делегација предводена од експертот Ms. Susette Schuster, судија при Врховен Управен суд во Келн, Германија, на ден 12.06.2018 година оствари работна средба со судиите на Врховниот суд на Република Македонија Киро Здравев, Исамедин Лимани и Рахилка Стојковска.

            На работната средба се разговараше и се разменија мислења за системот на решавање на управните спорови на централно и локално ниво, за системот на управното право во однос на неговиот капацитет и функционирање, подготвеноста на судиите на Управнито и Вишиот управен суд, како и тоа дали сегашниот систем на жалби преку Вишиот управен суд е соодветен или треба да се предвиди укинување на овој суд и враќање на неговата функција во Врховниот суд на Република Македонија.

По завршувањето на посетата на Оценската мисија, од страна на експертите се очекува да произлезат совети и препораки за сите области поврзани со планираните измени на Законот за управни спорови кои треба да се усвојат во месец септември 2018 година.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_