Одржана средба со Омбудсманот на Република Турција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одржана средба со Омбудсманот на Република Турција

Events  |  May 31, 2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски, на ден 31.05.2018 година, оствари средба со Омбудсманот на Република Турција, Шефер Малкоч.

   Средбата беше закажана по барање на Амбасадата на Република Турција во рамки на посетата на Омбудсманот на Република Турција во Република Македонија, по повод одбележувањето на 20 - годишнината од востановувањето на институцијата Народен правобранител на Република Македонија, како и по повод присуството на 10-от состанок на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот која оваа година се одржува во Република Македонија.
   За време на средбата се разговараше за организационата поставеност на судството во Република Македонија, за организација и надлежноста на Врховниот суд на Република Македонија и компаративно за спогодбеното решавање на споровите во граѓанските и кривичните предмети. Воедно се разговараше и за долгогодишната соработка на судовите со  Народниот правобранител на Република Македонија.
    На крајот на средбата се разменија поздрави од и до Претседателот на Врховниот Касационен суд на Република Турција во име на долгогодишната пријателска соработка помеѓу двете судски инстанци и помеѓу нашите народи.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_