Одржана средба со Омбудсманот на Република Турција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одржана средба со Омбудсманот на Република Турција
Средбата беше закажана по барање на Амбасадата на Република Турција во рамки на посетата на Омбудсманот на Република Турција во Република Македонија, по повод одбележувањето на 20 - годишнината од востановувањето на институцијата Народен правобранител на Република Македонија, како и по повод присуството на 10-от состанок на Асоцијацијата на Омбудсмани на Медитеранот која оваа година се одржува во Република Македонија.
За време на средбата се разговараше за организационата поставеност на судството во Република Македонија, за организација и надлежноста на Врховниот суд на Република Македонија и компаративно за спогодбеното решавање на споровите во граѓанските и кривичните предмети. Воедно се разговараше и за долгогодишната соработка на судовите со Народниот правобранител на Република Македонија.
На крајот на средбата се разменија поздрави од и до Претседателот на Врховниот Касационен суд на Република Турција во име на долгогодишната пријателска соработка помеѓу двете судски инстанци и помеѓу нашите народи.