Соопштение од одржана седница на Оддел за казниви дела
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана седница на Оддел за казниви дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на Записник од седница на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на Република Северна Македонија, одржана на ден 07.07.2025 година;
2. Усвојување на месечни извештаи за работата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за месеците Мај, Јуни, Јули и Август 2025 година;
3. Расправа по барање на Основен суд Свети Николе за донесување на правно мислење во врска со надлежноста за одлучување по прекршоци од Законот за јавни патишта;
4. Расправа по правни прашања доставени од Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Битола и Апелациониот суд Штип, во врска со работната средба помеѓу Врховниот суд на РСМ и четирите апелациони судови.
5. Расправа по реферат изготвен од судијата Цветанка Периќ, во врска со постапката за бришење на осуда (одложена од седницата од 07.07.2025 г);
6. Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијативата од Судскиот совет, за поведување на постапка за воедначување на судска пракса (одложена од седницата од 07.07.2025г);
7. Расправа по реферат изготвен од судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска во врска со Иницијатива на адвокат Наташа Бошкова, за донесување на начелно правно мислење (одложена од седницата од 07.07.2025 г) ;
8. Реферат по предлог на Закон за пробација, изготвен од судија Татјана Дуковска.
По одржаната расправа и спроведена дискусија, Одделот за казниви дела :
По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за казниви дела одржана на ден 07.07.2025 година;
По втората точка на дневниот ред, ги разгледа и усвои месечни извештаи за работата на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, за месеците Мај, Јуни, Јули и Август 2025 година;
По третата точка на дневниот ред, утврди дека не се исполнети условите за донесување на правно мислење;
По четвртата точка на дневниот ред, ги разгледа правните прашања доставени од кривичниот оддел на Апелациониот суд Скопје, Апелациониот суд Битола и Апелациониот суд Штип;
По петтата точка на дневниот ред, усвои заклучок - прашањето во врска со постапката за бришење на осуда, да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
По шестата точка на дневниот ред, утврди дека не се исполнети условите за поведување на постапка за воедначување на судска пракса;
По седмата точка на дневниот ред, усвои заклучок - Иницијативата за донесување начелно правно мислење да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
По осмата точка на дневниот ред, усвои заклучок – Предлогот на Законот за пробација да се разгледува на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија.