С О О П Ш Т Е Н И Е [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

С О О П Ш Т Е Н И Е

Новости  |  01.6.2017
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски оствари средба со Делегација на Мониторинг Комисија за почитување на обврските и заложбите на замјите членки при приемот во Советот на Европа

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски на ден 31.05.2017 година оствари средба со Делегација на Мониторинг Комисија за почитување на обврските и заложбите на замјите членки при приемот во Советот на Европа, г-ѓа Лиза Кристоферсен, пратеник од Норвешка и г-дин Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија.

За време на средбата се разговараше за случувањата по декемвриските парламентарни избори и продолжувањето на имплементацијата на Резолуцијата 1949 (2013) за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија и напредокот во однос на соработката на Советот на Европа по препораката 2022 (2013).

Во текот на средбата Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, со цел подобрување на состојбите во судството во Република Македонија согласно нотираните забелешки во Извештајот за Република Македонија за 2016 година на Европската Комисија и Препораките од групата од високи експерти предводена од Рајнхард Прибе за системските прашања за владеење на правото.

На крајот од средбата, беше искажана взаемна благодарност од одржаната средба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_