Делегација на Венецијанската комисија во посета на Врховниот суд на Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Делегација на Венецијанската комисија во посета на Врховниот суд на Република Македонија

Новости  |  11.7.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 09.07.2018 година, во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари средба со претставници на делегацијата на Венецијанската комисија, по повод побарано мислење за законите од областа на судството.

На средбата се разговараше за предлог измените на Законот за судовите и Законот за судскиот совет на Република Македонија, во делот на надлежностите на Врховниот суд на Република Македонија, оценувањето и дисциплинската одговорност на судиите, како и надлежноста и постапувањето на Советот за одлучување по жалбите на Судскиот совет против решенијата за разрешување или изречена дисциплинска мерка при Врховниот суд на Република Македонија.

Претставниците на Венецијанската комисија искажаа благодарност до Претседателот и судиите на Врховниот суд на Република Македонија за одржаната средба и остварената соработка.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_