Средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија

Новости  |  06.3.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 06.03.2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-ѓа Јин Лисјен, амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.

На средбата се дискутираше за долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји, при што соговорниците изразија желба истите да се зајакнуваат и во иднина и во делот на правосудството. Беше разговарано за остварувње на средба помеѓу претставници на Врховните судови на двете земји со цел размена на искуствата и начинот на надминување на предизвиците со кои се соочуваат во своето работење.

Средбата заврши со искажана заемна благодарност и желба за успешна соработка во иднина.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_