Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  26.11.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 06.12.2021 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот, со следниот предлог на:

ДНЕВЕН РЕД

1. Расправа по Решение на Советот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за одлучување по жалби.

2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Одделот за имотни спорови, спорови од мала вредност и семејни спорови, доставена преку Претседателот на Основен граѓански суд Скопје.

4. Давање мислење по предлог Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Доневски од Скопје.

6. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење поднесена од Адвокатско друштво Чичевалиев и Илијовски од Скопје.

7. Расправа по заклучок донесен на Општата седница одржана на 12.10.2021 година, по повод барање за давање на правно мислење поднесено од Ана Петровски од Скопје.

8. Расправа по заклучок донесен на Општата седница одржана на 12.10.2021 година, по повод барање за воедначување на судска пракса поднесено од Лидија Апостолова од Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_