Одржана јавна седница на Советот за жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Одржана јавна седница на Советот за жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
17.7.2025
Советот за жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој одлучува по жалба на кандидат кој не е избран за судија, денес на 17 јули 2025 годинa по одржаната јавна седница, донесе решение УССЖИ-4/25, со кое жалбата на кандидатот м-р Андреј Димовски, судија на Основен граѓански суд Скопје, изјавена против Одлуките на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09–1433/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1434/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1435/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1436/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1441/1 од 05.06.2025 година, бр.09–1442/1 од 05.06.2025 година, се одбива како неоснована.