Одржана средба со Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одржана средба со Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија

Известувања  |  05.7.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 04.07.2018 година, оствари средба со претставници од Здружението на новинарите на Македонија, предводени од претседателот на здружението, Насер Селмани

      На средбата се разговараше за усогласеноста на судската пракса на судовите во Република Македонија во спроведување на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Претседателот на здружението, Насер Селмани, посочи дека постојат отстапувања во судската пракса во постапките поведени против електронските медиуми, за утврдување на одговорност за навреда или клевета, поради што е поднесена иницијатива до Врховниот суд на Република Македонија, со барање  за донесување на правно мислење заради усогласување на судската пракса.

           Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија истакна дека иницијативата е доставена до Одделот за граѓански дела, во чија надлежност е разгледување на прашањето и заземање став од значење за обезбедување на единство во примена на законите од страна на судовите.

            На средбата се дискутираше и за други актуелни прашања поврзани со судските постапки поведени против новинари и медиуми и беше укажано на значењето на усогласеноста на судската пракса пред домашните судови, но и со праксата на Европскиот суд за човекови права.

            На крајот од средбата, беше искажана взаемна благодарност за одржаната средба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_