Делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата во посета на Врховниот суд на Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата во посета на Врховниот суд на Република Македонија

Announcements  |  Sep 21, 2018
Во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, на ден 20.09.2018 година, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, заедно со судиите Рахилка Стојковска и Снежана Ѓорѓиеска Зекирија и членови на Кабинетот на претседателот, остварија средба со претставници на делегацијата на Европската комисија за ефикасност на правдата (СЕРЕЈ), предводени од заменик претседателот на Комисијата, Рамин Гурбанов.

 

Целта на дводневната посета на СЕРЕЈ во Република Македонија е анализирање на состојбите и поддршка на институциите во Република Македонија во сферата на правосудните статистики. Во текот на средбата, судијата Рахилка Стојковска, која е заменик претседател на Одделот за судска практика, ја запозна делегацијата со работата на одделите на судот, постапката за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите, издавање на билтени и збирки на судски одлуки, а се дискутираше и за можните начини на зголемување на ефикасноста во функционирањето на правниот систем, особено преку обезбедување заштита на правата на граѓаните на правична судска постапка. Во таа насока, на средбата се дискутираше и за работата на Одделот за судење во разумен рок, траењето на постапките пред судовите во Република Македонија и обезбедување двостепена судска заштита на правото на судење во разумен рок, во рамки на Врховниот суд на Република Македонија.

Судијата Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, претседател на Работното тело за стандардизација на процедурите во судовите, ги запозна присутните со методологијата и начинот на функционирање на работното тело за стандардизација на АКМИС програмата. Во делот на статистиката, Шефот на Кабинетот на претседателот, Лидија Танеска Јадроска, ги запозна претставниците со начинот на водење на статистичките податоци и надлежноста на Врховниот суд на Република Македонија по однос на извештаите за работа на судовите.

Воедно, претставниците на делегацијата го посетија Центарот за информатика при Врховниот суд на Република Македонија, каде им беше презентиран начинот на работење на центарот, собирање и обработка на податоците во судските предмети, како и евидентирање на судската практика на Судот.

Претставниците на Европската комисија за ефикасност на правдата  искажаа благодарност до претседателот и судиите на Врховниот суд на Република Македонија за одржаната средба и заедничките напори за унапредување на соработката во областа на правосудната статистика во Република Македонија.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_