Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06) и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.35/08)

 

Организацијата на работата во Врховниот суд се одвива согласно со Законот за судовите, Законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Судскиот деловник и Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија. Работите од својата надлежност, утврдена со Уставот и законите, Врховниот суд ги извршува преку совети од три и пет судии, седница на оддели, заедничка седница на оддели, седница на судии и Општа седница.
Во Врховниот суд се основани четири судски оддели (Оддел за казниви дела, Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска пракса.

Во надлежност на судиите од Одделот за казниви дела е постапувањето и одлучувањето по предметите за кривични дела и други казниви дела.
Во надлежност на судиите од Одделот за граѓански дела е постапувањето и одлучувањето по предметите во споровите од личните и семејните односи, работните односи, како и од имотните и другите граѓанско правни односи на физичките и правните лица.

Во надлежност на судиите од Одделот за судење во разумен рок е постапувањето и одлучувањето по барањата на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок согласно правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободни и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд на човекови права.

Во надлежност на Одделот за судска пракса е одлучување за кои одлуки ќе се изработат сентенци кои ќе бидат основа за градење на судската пракса во Република Македонија.

Со годишниот распоред за работа на судот, што го донесува претседателот по претходно мислење на седницата на судии, се врши распоред на судиите по оддели и по совети, се определуваат претседатели на оддели и судија што го заменува претседателот.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Соопштение за јавност

    Соопштенија за јавност  | 30.6.2020
    Амбасадата на САД во рамките на Договорот за поддршка и помош на судството во Република Северна Македонија, во време на предизвиците со Ковид-19 – пандемијата, на 29.06.2020 година обезбеди донација на средства за дезинфекција за сите судови, јавни обинителства и Управата за извршување на санкции. [повеќе]
  • Соопштение

    Соопштенија за јавност  | 04.5.2020
    На 28 април 2020 година преку електронска комуникација, Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на Регионална округла маса на тема „Последиците од пандемијата КОВИД-19 врз човековите права и владеењето на правото„ организирана од Директоратот за човекови права и владеење на правото, при Совет на Европа. [повеќе]
  • Соопштение

    Соопштенија за јавност  | 30.4.2020
    На 23 април 2020 година, Врховниот суд на Република Северна Македонија преку електронска комуникација учествуваше на специјализирана обука во која беа вклучени 1220 судии од целиот свет. [повеќе]

Сите вести