За судиите
За судиите
ВД Претседател м-р Фаик Арслани
Судиите
Судија Васил Грчев
Судија Васил Грчев

Образование:
Работно искуство:
Судија Николчо Николовски
Судија Николчо Николовски

Образование:
Работно искуство:
Објавени трудови и активности:
Судија Мирјана Радевска Стефкова
Судија Мирјана Радевска Стефкова

Образование:
Работно искуство:
Објавени трудови и активности:
Учество на семинари: -семинар за интелектуална сопственост, организиран од IDLO-International Development Law Organization, одржан во Скопје во 2007 година. -семинар за трговско право,организиран од Академијата за обука на судии и јавни обвинители во соработка со проектот CARDS 2004, во 2007 година. -семинар за судска соработка во Европската унија-граѓанско и трговско правна материја во Брисел, во 2008 година, организиран од Европската комисија-Генерален директорат за проширување. -семинар за конкурентско право,организиран од OECD-Регионален центар за конкуренција во Унгарија, одржан во Будимпешта во 2008 година. Странски јазици: француски и англиски.
Судија Беса Адеми
Судија Беса Адеми

Образование:
Работно искуство:
Судија м-р Фаик Арслани
Судија м-р Фаик Арслани

Образование:
Работно искуство:
Судија Владимир Стојаноски
Судија Владимир Стојаноски

Образование:
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Дипломирал на правниот факултет во Битола во 1988 година.
Правосуден испит положил во Скопје 1991 година.
Работно искуство:
Работел прво како стручен соработник, потоа како советник и државен советник во Владата на Република Македонија во периодот од 1992-2002 година.
Во 2002 година во Фонд за земјоделство како пом. директор за финансиски и правни работи.
Во 2004 година во Министертво за земјоделство, шумарство и водостопанство како пом. раководител на сектор за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Во 2006 година како Директор во Бирото за судски вештачења.
За судија во Управниот суд е избран во 2007 година.
За судија на Врховниот суд на Република Македонија е избран на 13.09.2010 година.
За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 14 април 2011 година.
По истек на 9 годишен мандат на судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 14.06.2020 година продолжува да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Во ноември и декември 2008 година - член на Комисија за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители за I генерација слушатели на почетна обука.
Во периодот од 2013 до 2015 година - предавач во почетна обука од областа на Уставното право за V генерација слушатели на почетна обука при Академијата за судии и јавни обвинители.
Судија Емилија Илиевска
Судија Емилија Илиевска

Образование:
Родена во Скопје на 28.10.1962 година. Образование: Дипломиран правник со завршен Правен факулет во Скопје - 27.03.1987 година; Положен правосуден испит во Скопје - 18.10.1989 година.
Работно искуство:
Објавени трудови и активности:
Судија Јелица Крстевска
Судија Јелица Крстевска
Образование:
Родена на 17.05.1961 година во Крива Паланка. Живее во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 22.03.1984 година.
Правосудниот испит го положила на 22.10.1987 година.
Работно искуство:
Од 07.07.1986 година до 22.10.1987 година приправник во Окружен суд Скопје.
Од 22.10.1987 година до 01.07.1996 година стручен соработник во граѓански оддел во Окружен суд Скопје.
На 01.07.1996 година избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје.
На 01.11.2007 година избрана за судија во Управен суд на Република Македонија.
На 15.07.2011 година избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
На 18.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.
Во јануари 2014 година назначена за член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.
На 05.02.2014 година избрана за заменик претседател на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители, која функција ја извршува до септември 2018 година.
По истек на 6 годишен мандат на член на Судски совет на Република Македонија на 18.12.2018 година, продолжува да ја извршува судиската функција во Врховниот суд на Република Македонија.
Судија Лидија Неделкова
Судија Лидија Неделкова

Образование:
-
во 1987 година положен правосуден испит;
- во 1984 година дипломира на Правниот факултет во Скопје.
Работно искуство:
- на ден 04.12.2012 година е избрана и ја врши функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија;
- во март 2012 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија;
- во јули 2009 година е избрана за Претседател на Основниот суд Скопје I Скопје;
- од 01.04.2007 година, согласно новиот Закон за судовите, работи како судија во Основниот суд Скопје I Скопје и тоа во Одделението за организиран криминал и корупција;
- во јуни 1996 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје II Скопје, каде работи во Кривичниот оддел;
- во 1986 година се вработува како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот суд Скопје , се до 1996 година работи во Кривичниот Оддел и кривичниот совет на тој суд.
Објавени трудови и активности:
- од 2007 година е едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители;
- од страна на Академијата за судии и јавни обвинители е ангажирана како домашен експерт во одржување на повеќе предавања на тема фер судења, тортура и притвор по член 3, член 5 и член 6 од Европската конвенција за човекови права, под покровителство на Советот на Европа, како и на тема улогата на бранителите во примената на стандардите на фер судење во кривичната постапка;
- континуиран едукатор за примена на новиот Закон за кривична постапка.
Судија Д-р Марика Матеска
Судија Д-р Марика Матеска

Образование:
Работно искуство:
На 1.12.1982 г. се вработила како приправник, а потоа работела и како стручен соработник во тогашниот Окружен суд Скопје. Првпат била избрaна за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 9.11.1987 г., каде до 1995 г. работела на кривична материја, а потоа до јуни 2004 г. на граѓанска материја.На 15.06.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр.38/04 од 17.6.2004 г.) е избранa за судија во Апелациониот суд Скопје, каде продолжила да работи на граѓанска материја. Со одлука бр. 07-1958/1 од 25.12.2012 на Судски совет на Република Македонија е избрана за судија на Врховен суд на Република Македонија.
Објавени трудови и активности:
Активно со свои трудови учествувала на повеќе од 30 меѓународни семинари, како и семинари организирани од домашни институции, симпозиуми, конгреси, проекти, работилници, тренинг сесии, презентации, јавни расправи, тркалезни маси и сл.од областа на: - „Повреда на авторските права во однос на компјутерските програми”; - „Националниот извештај за човековиот развој во РМ 2001”; - „Анти-корупциска стратегија во РМ”; - „Судска заштита на правата од интелектуална сопственост”; - „Заштита на интелектуална сопственост”; - „Мултиетничка полиција во РМ”; - „Судска соработка во граѓански и стопански предмети”; - „Судска организација на Европската Унија”; - „Социјални и економски фактори за Е-правда”; - „Примена на Закон за трговски друштва”; - „Основните принципи на правниот систем на ЕУ”; - „Улогата на националниот судија и јавен обвинител во сверата на правда, слобода и сигурност на Европа”; - „Новиот Закон за парнична постапка”; - „Право на Европската Унија”; - Државната програма за превенција и репресија на корупција; - Презентација на програмата HELP на Советот на Европа ,,Европскиот суд за правда“; - Обука на судии за медијација. Во текот на 2003, 2005 и 2007 г. се стекнала со неколку сертификати меѓу кои: - CERTIFIKATE од Министерство за финансии и буџет на Република Франција за заштита на интелектуална сопственост; - CERTIFIKATE за едукатор на Право на ЕУ; - CERTIFIKATEза “Меѓународно право”; - CERTIFIKATE за “Право на ЕУ”; - СЕРТИФИКАТ за “Обука на обучувачи”; - „Certificate of Completion” за познавање на англиски јазик за судии и обвинители. Од септември 2006 г. била член на работната група за изготвување на “Предлог за донесување на Закон за Меѓународно приватно право”. Во 2007 г. била вклучена во работилници на Државната Комисија за спречување на корупција за изработка на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата. Во мај 2007 г. била наименувана за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и обвинители и нивните заменици на РМ. Во текот на 2007 и 2008 г. континуирано држела предавања согласно програмата на Академијата за обука на судии и обвинители и посетувала обука на едукатори – обучувачи, и Презентација на програмата HELP на Советот на Европа. Во 2008 г. била вклучена во “Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“. Има објавено 12 трудови од областа на организиран криминал, корупција, наркоанализи и медицински интервенции, детектор на лаги, прислушкување и прислушни средства, компаративни прегледи на примената и забраните за примена на истите во повеќе земји меѓу кои САД, Кралството Шведска, Белика Британија, Германија и др. меѓу кои: - „Корупцијата третирана во законска регулатива” - „Организиран криминал” - „Техника на примена на прислушни средства” - „Детекција и блокада на прислушни средства” - „Доказни забрани во германско право” - „Примена на прислушни средства во Кралство Шведска” - „Забрани при примена на прислушни средства” - „Примена на детектор за лага” - „Наркоанализа и медицински интервенции” - „Технички средства во Велика Британија” - „Видови на техничко – прислушни средства кои се употребуваат во Велика Британија” - „Примена на прислушни средства во кривична постапка на Велика Британија”