Известување согласно Заклучоците на Владата на РСМ донесени на седница одржана на 10.03.2020 година, во врска со мерки за превенција од COVID-19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување согласно Заклучоците на Владата на РСМ донесени на седница одржана на 10.03.2020 година, во врска со мерки за превенција од COVID-19

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  11.3.2020
Известување Согласно Заклучоците на Владата на Република Северна Македонија донесени на седница одржана на 10.03.2020 година, во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

                           

      Република Северна Македонија

        ВИШ УПРАВЕН СУД

              Су бр.0302-117/2020

          11.03.2020 година

                           Скопје 

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

 Согласно Заклучоците на Владата на Република Северна Македонија донесени на седница одржана на 10.03.2020 година, во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите вработени и судии во Виш управен суд, дека е потребно:

- во однос на мерката за ослободување од работните обврски во следните 14 дена за еден од родителите на дете до 10 години, да се достави изјава за ослободување од работа, како и во рок од 10 дена да достави потврда од воспитно-образовната институција која ја посетува нивното дете, со наведување на родителот кој ќе се грижи за детето;

- во однос на мерката за времено ослободување од работа и работни активности (неодење на работно место и да останат во своите домови) за бремените жени и хронично болните лица, да се достави изјава за слободување од работа и во рок од 10 дена да се достави доказ - потврда од матичен лекар за постоење на хронична болест кај вработениот, односно бременост.

- во однос на вработените кои патувале во некоја од земјите со висок, среден или низок ризик, следните 14 дена да останат во самоизолазија, а по истекот на периодот за самоизолација, потребно е да достават фоткопија од пасош или друг доказ од кои може да се утврди дека патувале во некој од ризичните региони.

СЕ ИЗВЕСТУВААТ вработените и судиите кои не се опфатени со означените мерки дека е потребно и понатаму редовно да ги извршуваат своите работни обврски и работни задачи согласно Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број 58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19) и Законот за судска служба Службен весник на РМ“ број 43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

 

  Претседател на Виш управен суд

            Исмета Амет

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_