Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

 

Врз основа на член 88 од Законот за судовите („Службен  весник на РМ“ бр. 58/06, 35/08, 150/10 и 83/18), како и врз основа на член 142 од Законот за судска служба („Службен весник на РМ“ бр.43/14, 33/15, 98/15 и 6/16) и член 21 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Службен весник на Рм бр.198/18), Претседателот на Вишиот управен суд на ден 11.04.2019 година, донесе

П Р А В И Л Н И К

за внатрешна организација и систематизација на работните места

во Вишиот управен суд

 

I.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

          Со овој правилник се утврдува бројот на работните места потребни за извршување на надлежностите на Вишиот управен суд, распоредот на работните места по организациони облици, називите на звањата и работните места, описот на работите и задачите по работни места, посебните услови потребни за вршење на работите и задачите, бројот на судските службеници, на лицата вработени во судот кои вршат технички и помошни работи и на судската полиција, а се уредуваат и други прашања од надлежност на Вишиот управен суд.

Член 2

Работните места во Вишиот управен суд се класифицираат според одговорноста, целите, видот и сложеноста на работите и работните задачи на работните места, потребните стручни квалификаии, работниото искуство во струката, општите и посебните работни компетенции и други критериуми од значење за работното место.

Член 3

Работните места, работите и задачите и посебните услови утврдени во овој правилник, се основ за вработување и распоредување на лицата кои во Вишиот управен суд ја сочинуваат судската служба.

Член 4

Вработувањето на судските службеници во Вишиот управен суд, се врши согласно критериумите утврдени во Законот за судовите, Законот за судска служба, како и посебните услови утврдени со овој Правилник.

Член 5

Вработените лица во Вишиот управен суд хигиеничар и возач, немаат статус на судски службеници и за нив важат општите прописи за работните односи.

Вработените лица од ставот 1 на овој член се распоредени во Техничката служба.

II. ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА И ЗВАЊА ВО ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

Категорија А – Судски администратор

Член 6

            А-2 Судски администратор, раководи со судската служба, одговорен е за остварување и вршење на стручните и административно техничките работи на судот, врши работи од судската управа кои се од неговиот делокругот на работа утврдени со Законот за судска служба, судскиот деловник,други прописи и подзаконски акти,  соработува со претседателот на судот во вршење на работите од судската управа кои се во делокругот на работите на претседателот на судот, врши оценување на судските службеници согласно закон, присуствува на општи седници, седници на судии, го следи спроведувањето на донесените одлуки  и заклучоци од седниците; дава упатства за работа на другите раководни судски службеници, дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршење на работа на судската служба; го контролира почетокот, користењето и завршувањето на работното време на судската служба; се грижи за уредно и навремено извршување на работите и работните задачи на судската служба, врши прием на странки по нивно барање;  ја следи примената на Судскиот деловник  и внатрешните процедури од страна на судските службеници; определува одговорен судски службеник – информатичар за автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети – администратор на АКМИС; изготвува годишен план за вработување во судската служба и Подготвува годишен план за обуки на судските службеници, носи одлуки кои произлегуваат од работен однос; врши распоредување на судските службеници,  изготвува план за годишни одмори на вработените во судот, формира комисии за вработување и за водење на дисциплинска постапка и други комисии согласно закон, носи решенија во врска со спроведени дисциплински постапки за судските службеници,  раководи со работното тело за управување со движењето на судските предмети во судот, се грижи за постапување по „Су“ поштата, според упатствата на претседателот на судот.

      Број на извршители 1

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 6 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Категорија Б – Раководни судски службеници

Член 7

          Б-1 Самостоен судски советник, врши најсложени работи во судот кои бараат посебна самостојност и стручност, учествува во планирањето на јавните набавки, врши најсложени работи во судот кои бараат посебна самостојност и стручност, изготвува реферати по правни прашања определени на седницата на одделите со предлог правни  мислења и заклучоци, изготвува нацрт одлуки по конкретни сложени предмети,  ја следи практиката на Судот и ги проучува судските одлуки особено од гледна точка на евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на одделот, дава личен придонес при оформување на ставовите и мислењата за прашања кои бараат одлуки од највисоко ниво на судот, ги подготвува усвоените начелни правни ставови и правни мислења за објавување на веб страната, ја следи практиката и проблемите во работата на судовите во Република Македонија и за тоа ги известува судиите и претседателот на одделот за евентуалните различни ставови, а од интерес за воедначување на судската практика, подготвува информации, анализи и прегледи за одделни правни прашања од овие области, а заради воедначување на судската практика на советите во одделите и обезбедување на единствени стојалишта во примената на законите од страна на судовите, активно учествува на советувања, семинари и други состаноци во врска со разгледувањето на правни прашања и примената на законите по однос на работата на судството,  континуирано ги следи прописите и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

 

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит и најмалку 6 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 8

       Б-2 (Б-3) Раководител на стручно – правна и административно – техничка служба, раководи со стручно правната служба, односно административно техничката служба, ја организира, насочува и координира работата во службата,  врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите во службата, дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работата во службата, се грижи за остварување на планот за работа, се грижи за редот и работната дисциплина на вработените во службата,  изготвува периодични и годишни извештаи за работата во службата, се грижи за севкупните потреби на службата во однос на потребниoт канцелариски материјал и другите потреби и учествува во планирањето на јавните набавки, одговорен е за примената на постојните информатичко технолошки системи, ги организира просторните и техничките услови за непречено одвивање  на испитот при вработувањето на судските службеници, непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

 Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 5 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

       Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 9

       Б-4 Раководител на судски оддел за судска практика, раководи со судскиот оддел за судска практика, ја усогласува работата на сите судски оддели во извршување на задачите кои се однесуваат на евиденција и проучување на судската практика, ја организира, насочува и координира работата во врска со постапувањето со судските предмети во одделот; врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите;  ги распоредува работите и задачите на вработените во судската писарница во рамките на одделот и на стручните судски службеници распоредени во одделот; им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето  на работите и задачите и го следи текот на извршувањето на истите; присуствува на седници на судските оддели, го подготвува нацрт Годишниот извештај за работата на судот и го доставува до Претседателот на судот, ја следи практиката на судот и ги проучува судските одлуки, особено од аспект на евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на советот и на претседателот  на соодветниот оддел, изготвува и помага во подготвувањето разни материјали, информации и анализи по одделни правни прашања, ги срочува правните прашања  во врска со непосредната работа по предметите во судот, обезбедува предлог програма за работа на одделот и дава извештај за реализација на програмата за работа на одделот и изготвува периодични и годишни извештаи за работа на одделот, дава извештај за реализација на работа на одделот, ги организира седниците на одделот и ги подготвува материјалите и дневниот ред, учествува во средувањето и финализацијата на сентенците доставени од одделенијата и изготвува сентенци за судскиот “Билтен“, учествува во работата на редакцискиот одбор за издавање збирка на судски одлуки и ја организира постапката за издавање збирка на судски одлуки, билтени и слично, одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работните задачи што се вршат во одделот,  дава предлози за обуки за стручно усовршување, присуствува на седниците на судските оддели,пренесува ставови на судскиот администратор и другите раководни судски службеници, врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат, учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување, се грижи за евиденција на материјалите што се доставуваат од другите судови и државни органи до Управниот суд заради воедначување на практиката за постапување по конкретни случаи на ниво на сите судови, се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи, иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделот, врши оценување на вработените во одделот, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 4 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 10

    Б-4 Раководител на судско одделение, раководи со едно од судските одделенија опишани во Правилникот за внатрешна организација на Вишиот управен суд и тоа судското одделение за имотно правна област и други права, судското одделение за пензии, права од пензиско и инвалидско осигурување и други права, судското одделение за финансии, царински, даночни и други правсо судското одделение,  ја организира и  координира работата во врска со постапувањето со судските предмети во одделението, врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите,  ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението, им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на работите и задачите и го следи навременото, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението, одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението, остварува редовни контакти со другите раководни судски службеници и разменува информации и искуства, учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите што се вршат во одделението по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација,  изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението,  дава предлози за обуки за стручно усовршување, учествува на советувања, семинари и други форми на професионално надградување и размена на искуства од областа која ја покрива одделението, континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, учествува во работата по предметите од делокругот на одделението, присуствува на судења, води евиденција за одржани судења и изготвува нацрт одлуки, подготвува правни мислења што се утврдуваат во одделението, а заради воедначување на судска практика и унапредување на методот на работа,             присуствува  на седниците  на судиите и судските оддели, врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат, се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи,  иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделението,  врши оценување на работата на вработените во одделението,  непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.

Број на извршители 4.

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити според според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 4 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

    Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

 Член 11

  Б-4 Раководител на одделение за финансиско и материјално работење, раководи со  одделението,  ја организира и  координира работата од областа на материјално-финансиското работење, врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението, им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето  на работните задачи и го следи текот на извршувањето,  одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението, остварува редовни контакти со другите раководни судски службеници и разменува информации и искуства, учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите што се вршат во одделението по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација, изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението,  дава предлози за обуки за стручно усовршување,   врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат,  се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи, и работи по АБМС програмот, иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделението,  врши оценување на работата на вработените во одделението, подготвува и предлага план за работа на одделението и се грижи за реализирање на планот за работа, го изработува финансискиот план во консултација со претседателот на судот и судскиот администратор, изготвува завршна сметка и ја потврдува нејзината исправност, изготвува анализа и предлог – пресметка (буџетски циркулар) за потребните средства за работа на судот за наредната година и за определен подолг период, ја организира и спроведува целокупната постапка во врска со пописот и описот на основните срдства во судот, води грижа за усвојување на расходите со одобрените средства, непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет  од областа на економијата, најмалку 4 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 12

   Б-4 Раководител на одделение за човечки ресурси, раководи со  одделението, ја организира и  координира работата од областа на човечките ресурси, врши непосредна контрола и надзор над извршување на работите, ги распоредува работите и задачите на вработените во рамките на одделението, им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето  на работните задачи и го следи текот на извршувањето, одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите и задачите што се вршат во одделението, остварува редовни контакти со другите раководни судски службеници и разменува информации и искуства, учествува во одлучување за спроведување на конкретни одлуки за работите што се вршат во одделението по претходни инструкции од повисоко ниво и дава препораки за нивна имплементација, изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението, дава предлози за обуки за стручно усовршување, врши анализа, оценување и проценување на прашањата и проблемите што се појавуваат, се грижи за примена на постојните информатичко технолошки системи, иницира нови идеи за работа од областа што ја покрива одделението, врши оценување на работата на вработените во одделението, го следи Законот за работните односи, колективните договори и Законот за судска служба, со кои се уредуваат работните односи, се грижи за извршување на персоналните работи, за спроведување на постапката, за објавување на јавни огласи, за вработување и за сите прашања од работните односи за вработените во судот, развива, спроведува и дава совети во врска со стратегии, кои се однесуваат на ефективно искористување на персоналот во судската администрација, развој на стратегии за проблемите како што се: условите за работа, ефикасноста во справувањето, еднаквите можности, дисциплинските постапки, отсуствата, советување во врска со проблемите за платите и другите надоместоци, вклучувајќи ги и напредувањата и привилегиите на работниците и преговарање со персоналот и нивните претставници за прашања поврзани со платите и условите за работа, води матична евиденција на вработените, се грижи за пријавување и одјавување на работници во Агенцијата за вработување на Република Македонија, се грижи за пријавување и одјавување работници во Фондот за ПИОМ и Фондот за здравствена заштита, постапува по молбите и барањата на вработените во судот што спаѓаат во делокругот на неговата работа и се грижи за изготвување на решенија за годишен одмор на сите вработени, води персонални досиеа за сите вработени и се грижи за безбедно чување на документацијата на вработените во судот и врши издавање на потврди за стаж и плата на вработените и друга документација од персоналните досиеја, анализирање, планирање и организација на едукации, вклучително и воведување на новиот кадар во работата, непосредно одговара за својата работа, во рамките на своите овластувања, пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 4 години работно искуство во струката  по положен правосуден испит.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Категорија В – Стручни судски службеници

Член 13

   В-1 Виш судски советник, самостојно извршува најсложени работи и работни задачи што се вршат во одделот во кој е распореден со повремени упатства и надзор на претседателот на одделот, а кои се однесуваат на правни и процесни работи во постапувањето по предметите и изготвувањето на нацрт одлуките, управни и стручно оперативни работи, континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на Меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, работи на најсложените предмети, присуствува на судења, води евиденција за одржани судења и изготвувa нацрт одлуки, подготвува реферати и нацрт начелни ставови и начелни правни мислења,  дава личен придонес при оформувањето на ставовите и мислењата за прашања кои бараат одлуки од највисоко ниво на судот, изготвува материјали за семинари и советувања на кои учествува посебно од областа на едукација на стручни судски службеници за поодделни области, подготвува информации, анализи и прегледи за одделни правни прашања од овие области а заради воедначување на судската практика на советите во одделите и обезбедување на единствени стојалишта во примената на законие од страна на судовите, ја следи практиката на судот и ги проучува судските одлуки особено од аспект за евентуални разлики во ставовите по исти прашања и своите согледувања му ги соопштува на претседателот на одделот, ја следи практиката и проблемите во работата на судовите во Република Македонија и за тоа ги известува судиите и претседателот на одделот за евентуалните различни ставови, а од интерес на воедначување на судската практика,  учествува на советувања, семинари и средби во врска со разгледувањето на правни прашања и примената на законите по однос на работата на судството, го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применува постојните информатичко технолошки системи,  одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 2.

Услови за вршење на работите:

Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит,  најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 14

        В-1 Судски советник, врши сложени работи и работни задачи што се вршат во советот во кој е распореден со упатства и надзор на претседателот на одделот што се вршат во одделот во областа во која е распореден, а кои се однесуваат на нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи,  ги следи и проучува законите и другите прописи и општи акти и ја следи примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, прибира податоци  за траење на постапката  врз основа  на кои  изготвува нацрт на периодични информации за траење  на судската постапка, предлага правни заклучоци и правни мислења, изготвува  сентенци за Судскиот билтен, соработува со судиите  по предметите од сложена правна природа, подготвува материјали за советувањата што ги организира судот и учествува  во нивно организирање, подготвува реферати, анализи и други материјали заради заземање правни ставови  во одделот, проучува  и го  известува одделот за содржината на материјалите што судот ги добива за стручни советувања и други стручни средби, дава предлози и подготвува материјали за учество  на судиите на тие средби, присуствува на судења води евиденција за одржени судења и изготвува нацрт одлуки и изготвува записници, присуствува  на седниците  на судиите и судските оддели, учествува  на стручни состаноци, семинари и други облици  на стручно усовршување, го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применувa постојните информатичко технолошки системи,   одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 2.

Услови за вршење на работите:

Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 3 години работно искуство во струката.

       Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 15

          В-1 Советник – информатичар, врши сложени работи и задачи од областа во која е распореден, а кои се однесуваат на информатичката технологија, го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применува постојните информатичко технолошки системи, учествува во планирањето на проширување на постоечката опрема, презема активности за подобро користење на можностите на системот, ги следи перформансите на системот и предлага нови можности за подобрување на истите, ги разгледува барањата од корисниците за воведување промени на подсистемите и донесува одлука за нивна имплементација, презема дејствија за развојот на активностите од полето на системската анализа, дизајнот и програмирањето во ИТ системот, учествува во изработката на поедините проекти во зависност од потребите на севкупниот информационен систем, ги следи новите трендови во областа на ИТ и препорачува набавка на нови софтверски и хардверски решенија, презема активности за одржување на хардверот: целата компјутерска опрема и мрежата да функционираат беспрекорно, ја следи и надгледува работата на ИТ системот, се грижи за безбедносно осигурување на системот, врши заштита на податоците на повеќе локации и медиуми, превенција и чистење вируси, доделување на правата на корисниците на ситемот врз хардверот и програмите, заштита од хакери и слично, презема активности за одржување и развој на системски софтвер и софтвер на дата бази и на развојни алати, презема активности за прибирање на податоци од јавни бази (Интернет и друго) од други институции, а во интерес на судството, соработува со информатичарот во базата на податоци на ниво на судство, комуницира со останатите институции и организации кои соработуваат со судот, води евиденција на корисниците на системот, учествува во планирањето и спроведувањето на информатичката едукација на вработените во судот, воведува користење на интернет и на секој корисник му обезбедува самостоен приклучок и сосптвена е-маил адреса, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен факултет од областа на информатиката или друг факултет од соодветна област, најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 16

       В-2 Виш судски соработник, ги извршува помалку сложените работи и задачи што се вршат во одделот односно советот а кои се однесуваат на нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи, континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, учествува во изготвување и помага во подготвување разни материјали, информации и стручни анализи, ги проучува правните прашања во врска со непосредната работа по предметите во судот, помага во изготвувавањето на сентенци за Судскиот билтен, изготвува информации во врска со одредени прашања доставени од судиите и другите служби во судот, присуствува на седници на судските оддели,  учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување,  присуствува на судењата води евиденција за одржани судења и изготвува нацрт одлуки, го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применува постојните информатичко технолошки системи,  одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

      Број на извршители 5.

Услови за вршење на работите:

Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 2 години работно искуство во струката.

   Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 17

        В-3 Судски соработник, ги извршува помалку сложените работи и задачи кои се вршат во одделението и одделота кои се однесуваат на подготвителни работи во врска со нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи врз основа на конкретни упатства во определувањето на практиките на одделот, континуирано ги следи прописите во врска со уредувањето на прашањата во областа во која работи како и примената на меѓународните договори што Република Македонија ги ратификувала, присуствува на судењето, води евиденција за одржаните судења и изготвува нацрт одлуки, му помага на судијата при проучувањето на предметите и на разни спорни прашања, како и во подготвувањето на разни материјали, присуствува на седниците на судскиот оддел, изготвува нацрт сентенци, учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување, го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применува постојните информатичко технолошки системи,  одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 3.

Услови за вршење на работите:

      Најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 1 година работно искуство во струката.

     Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 18

         В-3 Соработник за постапување по претставки и предлози, ги извршува помалку сложените работи и задачи кои се вршат во одделението и одделот, а кои се однесуваат на подготвителни работи во врска со нормативно правни, управни, информативно документациони, како и стручно-оперативни работи врз основа на конкретни упатства во определувањето на практиките на одделот, ги следи и спроведува упатствата дадени од раководителот на одделението, ги прима и евидентира претставките и предлозите доставени до судот во УПП Уписникот и во АКМИС, преставките и предлозите веднаш ги зема во работа и постапува по нив во согласност со закон и судскиот деловник, односно прибира податоци, известувања и мислења за фактите и околностите од значење за нивно оценување, непосредно ги испитува, анализира и ги евидентира појавите и причините за нивно поднесување, а по претходно добиени упатства од претседателот на судот, презема потребни дејствија и мерки за остварување на правата на подносителот или повредата на јавниот интерес утврден со закон ,во законски определени рокови му одговара на подносителот на претставката или предлогот за основаноста и резултатите од постапувањето по нив и истото го евидентира во АКМИС , соработува со надлежните државни органи во врска со постапувањето по претставките и предлозите и по добиените упатства од претседателот на судот, укажува на потребата од преземање мерки во согласност со закон за отстранување на евентуална повреда на правото, односно причинетата штета на подносителот на претставката или предлогот, води евиденција за податоците што се однесуваат на постапувањето по претставките и предлозите и во врска со тоа, во законски определени рокови доставува извештаи до Министерството за правда ,ги анализира причините и прашањата на кои се укажува во претставките, односно предлозите, презема мерки во рамките на своите овластувања и ги информира другите органи кои имаат овластувања за состојбите и рпоблемите во соодветната област за да преземат мерки од нивна надлежност, изготвува периодични и годишни извештаи за работата во одделението, ги срамнува текстовите на месечните и годишните извештаи во судската писарница и финализирани ги доставува до судскиот администратор, учествува на стручни состаноци, семинари и други облици на стручно усовршување ,го применува Судскиот деловник во своето работење, ги применува постојните информатичко технолошки системи одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет,  најмалку 1 година работно искуство во струката.        

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Категорија Г – Помошно-стручни судски службеници

Член 19

         Г-1 Самостоен судски референт – водител на писарница, ја организира и координира работата на судската писарница, ја организира и координира работата за вршење на упис на пооделни уписници, го следи спроведувањето на судскиот деловник, ја следи и применува законската регулатива за процесно работење, управува со движењето на предметите со применa на постојните информатичко технолошки системи, врши информативно документациски работи, ракува со печатите и штембилите и се грижи за нивно чување, следи и применува одделни прописи и акти на судот за канцелариско и архивско работење, подготвува и обработува статистички податоци како основа за изготвување на извештаи, изготвува месечни и периодични извештаи за движење на предметите, ја прима од самостојниот референт за прием и експедиција на пошта целокупната пошта што се однесува на судските предмети, ја распоредува по судски основи и ја предава на извршителите во писарницата заради натамошно постапување, во судските предмети приклучува ургенции за забрзување на постапката, записници за сослушување на странки по замолен пат и одговори на заинтересираните лица и врши контрола за уредноста на предметите, врши проверка дали предметите се подготвени за насрочување, разведува во АКМИС насрочени предмети, разведува експедирани одлуки во АКМИС, на странки и на трети лица кои имаат правен интерес, издава потврди и уверенија за одделни факти содржани во списите или за кои се води службена евиденција во судот, враќа прилози на странките, дава податоци на заинтересирани лица во врска со предметите, усно или по телефон, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 20

   Г-1 Самостоен судски референт - координатор на дактило биро, ја организира и координира работата на дактило бирото во врска со компјутерската обработка на податоци и е одговорен за навремено извршување на работите и работните задачи, обработува документација како основ за изготвување на анализи, информации и извештаи и подготвува и обработува статистички податоци како основа за изготвување на извештаи, ја координира работата во врска со компјутерска изработка на материјали (сентенци, начелни правни мислења и начелни ставови), за издавање збирка на судски одлуки, билтен и друго, врши прием на сите предмети што доаѓаат во бирото, ги распоредува на дактилографите и изработените материјали ги распоредува и ги доставува на судиите и раководните и стручните судски службеници, подготвува материјали за автоматска обработка, го утврдува распоредот за работа на дактилографите во согласност со судскиот администратор и врши дневен распоред за работа на дактилографите, води евиденција за завршената работа од дактилографите и составува извештај од завршената работа кој го доставува до судскиот администратор, ја контролира работата на дактилографите во вршење на работите во АКМИС, укажува и предлага мерки за подобрување на системот, по потреба организира интерна обука на дактилографите за работа во АКМИС, ја организира работата на дактилографите во врска со приемот и изготвувањето на одлуките, на компјутер изработува донесени одлуки, писма, анализи, извештаи и други материјали за потребите на судот, пишува по диктат или во препис, на компјутер изработува материјали за потребите на претседателот на судот или судскиот администратор од нивното работење во судската управа, го следи спроведувањето на судскиот деловник и ја следи и применува законската регулатива за процесно работење, управува со движењето на предметите со применa на постојните информатичко технолошки системи, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 21

  Г-1 Самостоен судски референт за прием и експедиција на пошта, ја организира и координира работата поврзана со приемот и експедицијата на пошта, ја прима и отвора целокупната пошта што доаѓа во судот, со исклучок на поштата адресирана лично до претседателот на судот или другите вработени, става приемен печат на истата и ја заведува во книга за прием, приемен печат става и на поштата што претседателот или другите вработени во судот по отворањето ќе ја вратат заради евиденција и натамошно постапување и ја заведува во книга за прием, ја распоредува поштата по сите оддели и одделенија, во судската писарница, како и на вработените до кои е упатена, ги прима сите видови на поднесоци што странките непосредно ги предаваат во судот, става приемен печат на истите и ги заведува во книга за прием, ја пресметува судската такса за примените поднесоци што подлежат на плаќање такса, врши експедиција на целата пошта што ја испраќа судот, ја заведува во доставни книги и ја предава на доставувачите, препорачаната пошта што ја испраќа судот ја подготвува и заведува во книга за препорачани пратки, врши контрола и ги парафира сметките на судот за поштата експедирана од судот до пошта, го следи спроведувањето на Судскиот деловник, ја следи и применува законската регулатива за процесно работење, управува со движењето на предметите со применa на постојните информатичко технолошки системи, врши информативно документациски работи, ракува со печатите и штембилите и се грижи за нивно чување, подготвува и обработува статистички податоци како основа за изготвување на извештаи, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 3 години работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 22

   Г-1 Самостоен референт – сметководител, врши работи од областа на материјалното и финансиското работење, врши помалку сложени работи од областа на информатичката технологија, врши информативно документациски работи, го применува Судскиот деловник и ги следи и применува прописите од областа на материјалното и финансиско работење, учествува во составување на финансискиот план, учествува во изготвување на завршната сметка, ги ликвидира сите материјални трошоци со вирмански налози, води финансиско-книговодствена евиденција (аналитичка и синтетичка), прима документација што мора да се евидентира во двете книговодствени евиденции и е одговорен за исправноста на истата од финансиска и материјална страна, прима документација за извршените набавки, утврдува исправност на истите од финансиско сметководствена страна и составува вирмански налози за исплата на стасани фактури и решенија на надворешни соработници, прима документација за трошење на канцелариските материјали, обрасци, книги и потрошен материјал, гориво и мазиво, врши усогласување на картотеката на материјалното книговодство со картотека на економот, врз основа на извршениот попис на крајот на деловната година утврдува дали стварната состојба е соодветна на книговодствената, за секое основно средство пресметува и книжи годишна амортизација и ревалоризација и утврдува вкупен годишен износ на ефектите од истите, работи по АБМС програмот, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование од област економија, најмалку 3 години работно искуство во областа.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 23

         Г-1 Самостоен референт – технички секретар на Претседателот на судот, следи и применува одделни прописи и акти на судот за канцалариско и архивско работење и го следи спроведувањето на Судскиот деловник, врши информативно - документациски и оперативни работи со конкретни упатства од претседателот,прибира податоци и информации за судски работи за потребите од делокруг на работа на претседателот на судот,прима и испраќа телефонски и факс пораки за претседателот на судот, ја прима поштата адресирана до претседателот на судот, му ја предава на претседателот и по потреба ја заведува во соодветните уписници,води попис на сите уписници, именици и помошни книги и попис на оние што се во употреба во Вишиот управен суд,прави бројчани извештаи за движењето на предметите за потребите на претседателот на судот,на компјутер ја пишува и ја печати деловната преписка на претседателот,одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред судскиот администратор и претседателот на судот.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование од соодветна област, најмалку 3 години работно искуство во струката.

     Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 24

            Г-2 Виш судски референт-извршител во писарница, ја извршува работата во судската писарница, управува со движењето на предметите, ракува со печатите и штембилите и се грижи за нивно чување, ги применува постојните информатичко технолошки системи, го применува Судскиот деловник и процесните закони, формира предмети во папки, формира електронски предмети и ги заведува во АКМИС, скенира примени поднесоци и истите ги запишува во електронски оформениот предмет, врши движење на предметите во електронска форма до судијата, ги става предметите во предевиденција и евиденција, работи со странки, ги припрема предметите за судење, ги здружува доставниците и другите списи со предметите, врши евидентирање во АКМИС на вратените доставници и повратници, врши евидентирање на писмена  во евиденцијата за достава на АКМИС, врши движење на предметите во АКМИС во фазата на постапката која е во негова надлежност, врши доставување на судските одлуки и други списи преку пошта, преку службено лице на судот и по електронски пат, ги припрема предметите по жалба и истите ги експедира до повисокиот суд, ги архивира завршените предмети, исраќа опомени, налози за такси и решенија за наплата на такса, припрема предмети по вонредни правни лекови, врши попис и средување на списите по предметите, експедира првостепени и второстепени одлуки, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 5.

Услови за вршење на работите:

Најмалку Више или средно образование од соодветна област, најмалку 2 години работно искуство во струката.

     Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член   25

       Г-2 Виш судски референт за обработка на документација – дактилограф, ја извршува работата во дактило бирото, подготвува и обработува документација по утврдена методологија, активно го користи АКМИС-от по диктат на судија и стручните судски службеници при изготвување на нацрт судските одлуки, присуствува на јавни седници и го сочинува записникот на јавната седница, врши препис и при тоа го проверува препишаниот текст, пишува покани, писма и ги предава во писарница, на компјутер ги изработува утврдените сентенци, како и други материјали за збирка на судски одлуки, билтени и друго, на компјутер ги пишува записниците за управните предмети, врши определени административно -технички работи за потребите на судот, управува со движењето на предметите, врши работи од областа на канцелариското работење и врши информативно документациски работи, извршува и други работи и работни задачи според упатства дадени од судија со кого работи, претседателот на судот или судскиот администратор, ги применува постојните информатичко технолошки системи, го применува Судскиот деловник и процесните закони, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 7.

Услови за вршење на работите:

Најмалку Више или средно образование од соодветна област, најмалку 2 години работно искуство во струката.

     Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 26

           Г-3 Референт – технички секретар на судскиот администратор, следи и применува одделни прописи и акти на судот за канцалариско и архивско работење, врши информативно - документациски и оперативни работи со конкретни упатства од судскиот администратор, подготвува и обработува статистички податоци како основа за изготвување на извештаи, прибира податоци и информации за судски работи за потребите од делокруг на работа на судскиот администратор, прима и испраќа телефонски и факс пораки за судскиот администратор, ја прима поштата адресирана до судскиот администратор, му ја предава на судскиот администратор и по потреба ја заведува во соодветните уписници, ги заведува во „Су“ евидентната книга сите акти што се однесуваат на судската управа и формира „Су“ предмети,  формира електронски предмети и ги заведува во АКМИС,  ракува со печатите и штембилите и се грижи за нивно чување, прави бројчани извештаи за движењето на предметите за потребите на судскиот администратор, на компјутер ја пишува и ја печати деловната преписка на судскиот администратор, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 1 година работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 27

           Г-3 Референт – економ, извршува работи и задачи од техничката служба поврзани со набавка на потрошниот материјал и инвентарот во судот, потребни материјали за возниот парк и канцелариски материјал и книги, а врз основа на писмен реферат одобрен од судскиот администратор, за сите набавки оформува и комлетира документација и оформените документи ги доставува на ликвидирање и натамошна обработка на сметководителот, врши прием и издавање на потрошен ситен инвентар и води потребна евиденција, составува месечни извештаи, води евиденција за задолжување на вработените во судот со предметите на инвентар, како и за движењето на тие предмети во судот, работи на машина за умножување на материјали и помагање во средување на материјалите, соработува со комисијата за попис на инвентар и составува списоци за расходувани предмети, се грижи за укоричување на обрасци и книги што ги користи судот и имаат траен карактер, активно го користи апликативниот софтвер, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 1 година работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 28

          Г-3 Референт – доставувач, го применува Судскиот деловник и процесните закони, ја подготвува, ја евидентира во соодветни книги и ја разнесува целокупната пошта на судот до пошта, како и до сите правни и физички лица до кои е упатена, се грижи доставувањето на поштата да биде извршено на законски пропишан начин, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 2.

Услови за вршење на работите:

Најмалку више или средно образование, најмалку 1 година работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Член 29

       Г-4 Помлад референт – доставувач, го применува Судскиот деловник и процесните закони, ја подготвува, ја евидентира во соодветни книги и ја разнесува целокупната пошта на судот до пошта, како и до сите правни и физички лица до кои е упатена, се грижи доставувањето на поштата да биде извршено на законски пропишан начин, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

     Најмалку Више или средно образование, со или без работно искуство во струката.

Посебни работни компетенции: активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Вработени во судот кои вршат технички и помошни работи и немаат статус на судски службеници

Член 30

               Хигиеничар, извршува работи и задачи од техничката служба поврзани со грижа за одржување на хигиената во работните простории на судот, грижа за одржување на хигиената на инвентарот во судската зграда, грижа за одржување на хигиената во санитарните јазли и ходниците во судската зграда и грижа за одржување на хигиената во дворното место околу судската зграда, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 2.

Услови за вршење на работите:

Завршено средно или основно образование со или без работно искуство.

Член 31

    Возач, извршува работи и задачи од техничката служба поврзани со управување со патничко моторно возило што го користи судот за потребите на претседателот на судот, како и за други судски потреби со овластување на претседателот, се грижи за исправноста и уредноста на возилото, врши работи на лично обезбедување на претседателот, води евиденција за потрошено гориво и мазиво и друг материјал и ја потврдува точноста на сметките и фактурите за потрошено гориво и мазиво, како и за извршено сервисирање и набавка на делови за возилата, одговара за својата работа во рамките на своите овластувања пред непосредно претпоставениот раководен судски службеник и судскиот администратор.

Број на извршители 1

Услови за вршење на работите:

Најмалку завршено средно образование, и да поседува и возачка дозвола од „Б“  категорија подолго од една година, со или без работно искуство.

СУДСКА ПОЛИЦИЈА – Служба која ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во судскиот простор

Член 32

        Командир на судска полиција, ги врши работите предвидени со Законот за судовите, Законот за судска служба и другите прописи и во таа смисла презема активности во рамките на своите надлежности, за обезбедување на објектот, имотот, лицата и одржување на редот во судот, непосредно командува со судската полиција, според насоките и упатствата на претседателот на судот, за својата работа одговара на претседателот на судот.

Број на извршители 1.

Услови за вршење на работите:

Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен соодветно образование, најмалку 1 година работно искуство како припадник на судска полиција.

     Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски), со соодветен степен на познавање согласно со член 121 став 3 алинеја 4 од Законот за судска служба.

Член 33

           Припадник на судска полиција, ги врши работите предвидени со Законот за судовите, Законот за судска служба и другите прописи и во таа смисла презема активности во рамките на своите надлежности, за обезбедување на објектот, имотот, лицата и одржување на редот во судот, ги почитува и спроведува насоките и упатствата на претседателот на судот и непосредните команди на командирот и заменик командирот на судската полиција, за својата работа одговара на претседателот на судот.

Број на извршители 3.

Услови за вршење на работите:

Најмалку средно образование, како и да ги исполнува посебните услови од чл.119 од Законот за судска служба, со или без работно искуство.

     Посебни работни компетенции: Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски или германски),со соодветен степен на познавање согласно со член 119 став 1 алинеја 7 од Законот за судска служба.

Овој Правилник, влегува во сила со денот на негово донесување, при што престанува да важи Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Вишиот управен суд, заведен во овој суд под 0807 Су.бр.11/15 од 28.01.2015 година.

 

                                                                                 Претседател на Вишиот управен суд

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести