Јавен оглас бр.1/2019 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/2019

Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност  |  10.10.2019
Јавен оглас за вработување на судски службеници во Виш управен суд

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА

     ВИШ УПРАВЕН СУД

 0807 Су-04 бр.0401-250/2019

         10.10.2019 година

                 Скопје        

 

Врз основа на член 3 став 1, член 17 став 1, член 20 и член 25 од Законот за судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018 и 248/2018), член 2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници („Сл.весник на РМ“ број 236/2018), Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Вишиот управен суд заведен под 0807 Су.бр.0101-185/2019 од 11.04.2019 година,  како и издадената согласност за пополнување на слободни работни места од Судски буџетски совет, Вишиот управен суд, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/2019

за вработување на судски службеници на неопределено време за следните работни места

 

  1. Категорија В – Стручни судски службеници, ниво В-3 судски соработник, шифра на работно место СУД0101В03001 – 3 (три) извршители

Посебни услови:

- стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 правен факултет и положен правосуден испит, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место..

- основна нето плата за работното место ќе изнесува 25.671,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

  

  1. Категорија Г – помошно- стручни судски службеници, ниво Г-2 Виш судски референт – извршител во писарница,  шифра на работно место СУД 0101Г02001 – 1 (еден) извршител

 Посебни услови:

- најмалку Више или средно образование од соодветна област, најмалку 2 години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место.

- основна нето плата ќе изнесува 18.157,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

 

  1. Категорија Г – помошно- стручни судски службеници, ниво Г-2 Виш судски референт за обработка на документација – дактилограф, шифра на работно место СУД 0101Г02001 – 1 (еден) извршител

 Посебни услови:

- најмалку Више или средно образование од соодветна област, најмалку 2 години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место.

- основна нето плата ќе изнесува 18.157,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

Пријавата за вработување може да се подигне на приемната писарница во судот или на веб-страната на судот http://www.sud.mk/wps/portal/vusskopje

Покрај наведените посебни услови предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Вишиот управен суд,  заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување предвидени во член 21 став 1 од Законот за Судска служба („Сл.весник на РМ“ бр.43/14, 33/2015, 98/2015, 06/2016, 198/2018 и 248/2018) и тоа:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место;

      -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови за работните места во оригинал или копија заверена на нотар може да се достават преку приемната писарница на Вишиот управен суд или по пошта на адреса: Ул. Никола Парапунов бр.31 Скопје, со назнака „за јавен оглас 1/19“.

     Рокот за поднесување на пријавата изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (денот на објавување на огласот не се смета).

Кандидатите кои внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.  

Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на веб страницата на Вишиот управен суд.

 

 

                                                    Заменик Претседател на Виш управен суд

                                                                            Д-р Субхи Јакупи 

 

Пријава за вработување на судски службеници

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_