Упатство за начинот на работа на Виш управен суд за време на прогласената вонредна состојба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Упатство за начинот на работа на Виш управен суд за време на прогласената вонредна состојба

Известувања, Настани, Соопштенија за јавност  |  23.3.2020

                        GRB TERK

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                ВИШ УПРАВЕН СУД

     Су.бр.0101-142/2020  

       23.03.2020 година

                Скопје

                                                       

Врз основа на член 88 од Законот за судовите („Службен весник на РМ“ број 58/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ број 96/19), член 2 став 2, член 13 став 1 и член 15 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ број 66/13 и 114/14), како и одлуката за прогласување на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија од 18.03.2020 година донесена од Претседателот на Република Северна Македонија, Претседателот на Виш управен суд, на ден 23.03.2020 година, донесе:

УПАТСТВО

                   за начинот на работа на Виш управен суд за време на прогласената вонредна состојба

 

 

1. Судиите на Виш управен суд кои согласно одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија под број 02-606/1 од 17.03.2020 година ќе извршуваат определени работи од дома (проучување на предметите и доаѓање во судот во деновите за судење, пишување на одлуките при што се користи информатичко компјутерската технологија), до Претседателот на Виш управен суд да достават писмено известување со наведување на деновите во кои ќе работат од дома, а во останатите денови да се јавуваат на работа и работните обврски да ги извршуваат во просториите на Виш управен суд

2. Судиите на Виш управен суд редовно да ги изготвуваат судските одлуки по предметите  донесени во совет.

3. Сите судии и вработени во Виш управен суд задолжително и редовно да бидат достапни на службените телефонски броеви, во работното време на судот, вклучително и судиите и вработените кои користат право на платено отсуство од работа согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија.

          4. Вработените и судските службеници распоредени на работа во одделението за прием редовно да примаат пошта во предвиденото време за прием.

5. Автоматската распределба на предметите од страна на судските службеници овластени за вршење на автоматската распределба на предметите преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети да се врши непосредно пред истекот на работното време на судот.

6. Задолжително и интензивно да се користи доставата на судските писмена по електронски пат, во предметите каде постои техничка можност за истото, при што судските службеници и вработените редовно да проверуваат каде се исполнети услови за електронска достава.

7.Судските писмена кои е потребно да се доставуваат до странките, а кои не се однесуваат на предмети од итен карактер, да се чуваат во судските оддели, a пo завршување на состојбата парцијално да се доставуваат преку доставната служба на судот.

8. Вработените и судиите во Виш управен суд по можност паузата да ја користат во просториите на судот, а да го напуштаат и да се враќаат во судот за време на пауза, само во случај на итни и неопходни потреби.

9. Јавноста, странките и учесниците во постапката, како и нивните полномошници, при доставување на своите барања, на начините предвидени во Законот за управните спорови, Законот за парничната постапка и Судскиот деловник, да наведуваат адреса за електронска пошта и телефонски број, со цел да бидат контактирани и одговорите да им бидат доставувани по електронски пат.

10. Јавноста и странките во постапките за сите податоци во врска работењето и постапување на Виш управен суд да се информираат преку официјалната и редовно ажурирана веб - страна на судот, преку Судскиот портал на Република Северна Македонија: www.sud.mk или директно на e-mail адресата visupravensud@vusskopje.mk.

11. Ова упатство влегува во сила и се применува со денот на донесувањето.

 

Претседател на Виш управен суд

                                                                                                                 Исмета Амет

 

 

 

 

ДА СЕ ДОСТАВИ ДО:

  •  Судска управа
  •  Претседатели на судски совети
  •  Огласна табла на судот
  •  ВЕБ страна на судот
  •  Судска полиција
  •  Судски совет на РСМ
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_