Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Врз основа на член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.101/2019) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Вишиот управен Суд ја изготви следната
 
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

 

                 Листата на информации од јавен карактер на Виш управен Суд ја сочинуваат следните групи на информации:
 
1 Општи информации за судот, општи податоци, надлежности, Годишни и месечни извештаи за работа на судот 3 Судска пракса – одлуки на Вишиот управен суд
2 Судска Власт 4 Контакт информации
 
             Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Вишиот управен суд, со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Виш управен суд или да го симнат подолу на линкот.
             
          Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Вишиот управен суд, ул. Никола Парапунов бр. 31, Скопје., или на e-mail: visupravensud@vusskopje.mk 
 
           Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 02/3061-536.
 
             Вишиот управен суд, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службенo лицe за посредување со информации од јавен карактер гo определи Ивица Наумоски.
 
         Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
 
              На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок.
 
              Ви благодариме.

 

Барање за пристап до информации од јавен карактер


 Преземање

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Учество на дијалогот за политики „Дискусија за Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година“

    Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност  | 25.12.2023
    Претставници од Виш управен суд, учествуваа на дијалогот за политики „Дискусија за Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година", кој се организираше во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ". Настанот се одржа на ден 21.12.2023 година во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. [повеќе]
  • Вишиот управен суд склучи Меморандум за соработка

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 01.9.2022
    Вишиот управен суд, во месец јули 2022 година, склучи Меморандум за соработка со Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје, заради олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката меѓусебна соработка. Во рамките на Меморандумот за соработка, во текот на месец август 2022 година, во Вишиот управен суд, феријална пракса во траење од 10 дена извршија седум ученици на Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје [повеќе]
  • Одлуки за избор за вработување по Jавен оглас бр.1/2021

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 15.2.2022

Сите вести