Виш управен суд
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Виш управен суд
Соопштенија за јавност
|
30.6.2011
ВИШ УПРАВЕН СУД - НАДЛЕЖНОСТИ
Организацијата на работата во Вишиот управен суд според Законот за судовите (Сл.Весник бр.58/06, 35/08 и 150/10) и Законот за управните спорови (Сл.Весник бр.62/06 и 150/10)
Вишиот управен суд е надлежен:
- да решава по жалбите против одлуките на Управниот суд донесени во прв степен;
- да одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и Градот Скопје, меѓу општините на Градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и Градот Скопје и носителите на јавните овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита и
- да врши други работи определени со закон.