Известување за работна средба [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за работна средба

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  07.2.2020
На ден 04.02.2020 година, во просториите на Вишиот управен суд, во кабинетот на претседателот на судот беше остварена работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на Република Северна Македонија г-дин Илбер Села и неговиот работен тим, на која покрај претседателот на судот Исмета Амет присуствуваше и судија Субхи Јакупи.

Тема на работната средба беше имплементацијата на Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник на РСМ бр.07/19.

Директорот г-дин Илбер Села беше информиран, дека  во координација со Судскиот совет на РСМ и Врховниот суд на РСМ, преземени се активности,  и во таа насока пред влезот на овој суд, поставена  е табла со грб на Република Северна Македонија, назив и седиште на Вишиот управен суд на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо и дека се набавени службени печати согласно Законот.

Во однос на примената на Законот за употреба на јазиците во постапката пред судот и за вработувања на службеници во овој суд (преведувачи, лектори итн), директорот г-дин Илбер Села, беше информиран дека во овој дел Законот ќе биде применет по инструкции и во координација со Судскиот совет на РСМ, Врховниот суд на РСМ и Министерството за правда.

Директорот Села ја истакна отвореноста за поддршка на судот во правец на остварување на јазичните права на граѓаните во постапките за кои е надлежен  Вишиот управен суд.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_