Вишиот управен суд секоја година спроведува јавни набавки согласно Планот за јавни набавки што го донесува секоја година до крајот на јануари, согласно Законот за јавни набавки.
Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност
| 25.12.2023
Претставници од Виш управен суд, учествуваа на дијалогот за политики „Дискусија за Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година", кој се организираше во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ". Настанот се одржа на ден 21.12.2023 година во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје.
[повеќе]
Известувања, Новости, Соопштенија за јавност
| 01.9.2022
Вишиот управен суд, во месец јули 2022 година, склучи Меморандум за соработка со Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје, заради олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката меѓусебна соработка. Во рамките на Меморандумот за соработка, во текот на месец август 2022 година, во Вишиот управен суд, феријална пракса во траење од 10 дена извршија седум ученици на Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје
[повеќе]