За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Во Апелациониот суд Битола избрани се вкупно 22 судии од кои 17 судии работат во граѓански оддел, 4 судии во кривичен оддел и 1 претседател на суд.

Претседател

CV на Претседател

Судија Елизабета Манели Ташевска

Име и презиме:
Елизабета Манели Ташевска
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:

Образование:

Родена на 01.04.1960 година во Битола каде и живее моментално. Дипломирала на Правен факултет во Битола, а правосуден испит положила на 21.10.1987.

Работно искуство:

 
Вработена е во Основен суд Битола најпрво како стручен соработник почнувајќи од 09.12.1985 година. На 20.05.2008 е избрана како судија во ОС Битола. Должноста Претседател на ОС Битола ја извршувала за периодот од 16.03.2015 па се до изборот на Претседател на ОС Битола.
Има вкупен работен стаж од 30 години од кои 28 години со положен правосуден испит.
За Претседател на Апелационен суд Битола е избрана на 23.02.2016 година.

 
elizabeta.m.tasevska@asbitola.mk

Судиите

Судија Заменик Претседател Љиљана Чочковска

Судија Заменик Претседател Љиљана Чочковска

Име и презиме:
Заменик Претседател Љиљана Чочковска
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на 05.04.1959 во Битола, каде завршила основно и средно образование во гимназијата Јосип Броз Тито. Дипломирала на правниот факултет во Битола правосудна насока на 24.11.1982 година. Правосудниот испит го положила на 01.04.1986.

Работно искуство:

Вработена во Основниот суд Битола на 01.09.1984 година, а по полагањето на правосудниот испит на 01.04.1986 година работела како стручен соработник при Основниот суд Битола на правни работи се до изборот за судија. На ден 06.12.2004 година е избрана за судија во Основниот суд Битола и работи во кривичен оддел.На 18.07.2011 година е избрана за судија во Апелационен суд Битола и е распоредена на кривична материја.

ljiljana.cockovska@asbitola.mk

Судија Лидија Мијаковска

Судија Лидија Мијаковска

Име и презиме:
Лидија Мијаковска
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 07-06-1977 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на ден 11-12-1980 година.

Работно искуство:

Од 01-11-1979 до 01-02-1981 година работи во Окружниот суд Битола како приправник на изготвување на одлуки во кривичниот оддел. Од 01-02-1981 до 01-071996 година работи во Окружниот суд Битола како стручен соработник исто така во кривичен оддел. На 01-07-1996 година е именувана за судија во Основниот суд Битола како судија во кривичен оддел каде работи до 08-02-2006 година. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 08-02-2006 година и работи во кривичен оддел и за малолетници.

lidija.mijakovska@asbitola.mk

Судија Владимир Радевски

Судија Владимир Радевски

Име и презиме:
Владимир Радевски
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Студирал на Правниот факултет во Скопје од 1973 година каде и дипломирала на 01-06-1977 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на ден 06-04-1982 година.

Работно искуство:

Од 01-09-1977 година до 01-07-1985 година работи во како инспектор на труд и е раководител на службата за правна помош во Собранието на општина Демир Хисар. Од 01-07-1985 до 01-07-1996 година е именуван за судија во Општинскиот суд Битола каде работи во кривичниот оддел. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 01-07-1996 година и работи во кривичниот оддел

vladimir.radevski@asbitola.mk

Судија Љубомир Бошевски

Судија Љубомир Бошевски

Име и презиме:
Љубомир Бошевски
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Студирал на Правниот факултет во Битола од 1974 каде и дипломирал на 02-07-1979 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на 19-10-1982 година. 

Работно искуство:

Вработен е во Општинскиот суд Битола од 1981 до 01-10-1982 година како судски приправник. Од 28-10-1982 до 22-10-1987 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Битола. За судија е именуван на 22-10-1987 година во Општинскиот суд Битола каде работеше на граѓанската материја. За судија во Апелациониот суд Битола е именуван на 03-04-1996 година. Претседател е на граѓанскиот оддел на Апелационен суд Битола Раководител е на отсекот со евиденција на судската практика во Апелациониот суд Битола Претседател на совет, Заменик член на комисијата за квалификација и прием на кандидати во академијата за обука на судии и јавни обвинители, Член на редакцискиот одбор на билтенот на Апелациониот суд Битола и автор на сентенци во него учествувал во својство на едукатор во организацијата на Здружението на судии на Република МАкедонија. 

Објавени трудови и активности:

Автор на статија објавена во „Судска ревија“ во 2002 година Учествувал на повеќе семинари и советувања како: -учество на тркалезна маса во хотел „Молика“ по повод предлогот на Законот за облигациони односи и Законот за залог на подвижни предметии права, советување на Попова шапка од областа на работните спорови, учество на тркалезна маса во Врховен суд на Р. Македонија по повод утврдениот начелен став бр.1/96 кој се однесува за надомест на штета што работник што работник ќе трпи поради незаконито дејствие на работодавец, учество на семинар во организација на УСАИД по повод новиот закон за Парнична постапка, учество на советување во организација на здружението на правници на РМ по повод една година од примената на новиот закон за Парнична постапка, учество на советување во организација на Граѓанскиот оддел со судиите од граѓанскиот оддели на основните судови од подрачјето на Апелациониот суд Битола по повод новиот закон за Парнична постапка, учество на средби во хотел „Епинал“ и во Апелациониот суд Битола по повод уставните амандмани, предлог на законот за судовите, Законот за судски совет на РМ, Законот за медијација и предлог деловник за работа на судовите

ljubomir.bosevski@asbitola.mk

Судија Петкана Јадровска

Судија Петкана Јадровска

Име и презиме:
Петкана Јадровска
Година на избор:
2000
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Студирала на Правниот факултет во Битола од 1975 каде и дипломирала на 16-05-1985 година. Правосудниот испит го положила во Скопје на ден 03-06-1983 година. 

Работно искуство:

Од 01-10-1981 година до 30-09-1983 година работи во Окружниот стопански суд Битола на местото приправник извршувајќи работни задачи поврзани со платните налози и стопанските престапи. Од 01-10-1983 до 14-09-1989 година работи во Основниот суд на здружен труд Битола како стручен соработник извршувајќи работни задачи поврзани со работни и станбени спорови. Од 15-12-1989 до 31-12-1991 година работи како секретар во Основниот суд на здружен труд Битола. Од 01-01-1992 до 30-09-1994 година работи во Окружниот суд Битола како стручен соработник на стопанските престапи. Од 01-10-1994 до 30-06-1996 година работи како секретар во Окружниот стопански суд Битола. На 01-07-1996 година до 11-04.2000 година работи како секретар во Апелациониот суд Битола. За судија е именувана во Основниот суд Битола на 12-04-2000 година каде работи во граѓанската материја на работни спорови. Во Апелациониот суд во Битола е именувана за судија на 26-10-2005 година и работи во граѓански оддел на работни и стопански спорови.

petkana.jadrovska@asbitola.mk

Судија Петре Србиновски

Судија Петре Србиновски

Име и презиме:
Петре Србиновски
Година на избор:
2005
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Студирал на Правниот факултет во Битола од 1979 година каде и дипломирала на 18-06-1984 година. Правосудниот испит го положил во Скопје на ден 11-12-1989 година. 

Работно искуство:

Од 01-01-1989 година до 01-01-1992 година работи во Окружниот суд Битола како приправник на изготвување на нацрт одлуки во граѓанската материја. Од 02-01-1992 до 26-06-1996 година работи како стручен соработник во Окружниот суд Битола каде извршува работни задачи во граѓанскиот оддел. За судија е именуван во Основниот суд Битола на 27-06-1996 година каде работи со граѓански, работни, стопански, стечајни предмети. Во Апелациониот суд во Битола е именуван за судија на 19-05-2005 година и работи во граѓански оддел на работни и стопански спорови.

petre.srbinovski@asbitola.mk

Судија Татјана Сусулеска

Судија Татјана Сусулеска

Име и презиме:
Татјана Сусулеска
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Битола на 17-10-1984 година. Правосудниот испит го положилa во Скопје 23-06-1987 година. 

Работно искуство:

Вработен е во Општинскиот суд Прилеп од 01-02-1988. Една година волонтерски стаж, осум години работен стаж како стручен соработник во Основен суд Прилеп, а судија на истиот суд од 1996 год. Во текот на работата како судија на Основен суд Прилеп од 1996 год. до 2008 год, работела на граѓански спорови, стопански спорови и стечајни предмети. Од 1999 год. само во одделот за стопански спорови и стечај, како и спорови од областа на трговско право. Две години работела и како заменик на претседателот на Основен суд Прилеп. За судија во Апелациониот суд Битола е именуванa на 26-08-2008 година. Посебна специјализација на стечајни предмети и спорови од областа на стопанско, трговско право, статусни и акционерски спорови, како и спорови за заштита на интелектуалната сопственост. 

Објавени трудови и активности:

Континуирани домашни и меѓународни едукации од наведените областа во текот на целиот период на судискиот стаж и тоа во проекти во организација на Здружение на судии на РМ, Министарство за правда на РМ, Проект за модрнизација на судството - ДПК и УСАИД, КАРДС програма, Пакт за стабилност и АББА ЦЕЕЛИ - асоцијација на адвокати од Америка и централна и источна европа, како и обука за постапката пред Европските судови во Стразбур и Луксембург. Учествувала и на семинарите во организација на Светска банка и проект „Стечајна администрација“ за примена на законот за стечај, меѓународна коференција за стечај во Аризона – САД во 1998 год., во Прага - во 2000 год. како двонеделна едукација од областа на трговско и стечајно право, во Чикаго и Њујорк – САД во 2002 год. - како претставник на стечајните судии на РМ и Централна и источна европа заедно со уште тројца судии од други држави од оваа област, конференција во Вашингтон во 2002 год. за споровите од областа на Интелектуалната сопственост на која исто така била претставник на судиите на РМ со сопствено излагање на тема „Привремени мерки“, семинарот во Софија во Октомври 2007 година, организиран од Пактот за стабилност за обука на едукатори за право на ЕУ. Во Академијата за обука на судии и обвинители, од месец септември 2007 год. работи како постојан едукатор од областа на трговско право. Работи како едукатор на семинарите на Здружение на судии, здружение на правници од стопанството на РМ на теми од практична примена на Законот за стечај , органи на стечајна постапка, статус на вработените, доверители во постапката и сл.- сметано од 1998 год . до денес; Вршела едукација на стечајни управници на тема „Реорганизација во стечај“ , „Услови за отворање на стечајна постапка“; „Осврт кон правилникот за определување на награда на стечајниот управник“, во рамки на нивна континуирана едукација,во организација на Здружение за стечај.Учество и како модератор на Регионална меѓународна конференција за стечај. Повеќе трудови од областа на стечајно право - објавени во Судиска ревија, списанието „Правник“, „Деловно право“, списание „Акционер“, водич за стечај. Активно познавање на вербален и пишан Англиски јазик.

tatjana.susuleska@asbitola.mk

Судија Лиле Наумовска

Судија Лиле Наумовска

Име и презиме:
Лиле Наумовска
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Студирала на Правниот факултет во Битола од 1979 година и дипломирала во месец Мај 1984 година. Правосудниот испит го положила во Скопје во Јуни 1988 година.

Работно искуство:

 Се вработила како приправник во СИЗ за домување Демир Хисар на 01.12.1985 година. Во 1989 година е избрана за Секретар на Синдикалната организација на Општина Демир Хисар. Од 1993 година до 30.06.1996 година ја вршела функцијата Претседател на Синдикалната организација на Општина Демир Хисар. За судија во Основен суд Битола е избрана на 01.07.1996 година каде работеше на граѓанска материја. За судија во Апелационен суд Битола е избрана на 07.05.2009 година. 

Објавени трудови и активности:

ила ментор на двајца кандидати за судии и јавни обвинители, за изведување на практична обука од областа на граѓанското право. Учествувала на повеќе семинари и обуки. Заменик член е на Работното тело за стандардизација на употребата и унапредувањето на АКМИС. 

lile.naumovska@asbitola.mk

Судија Васил Баткоски

Судија Васил Баткоски

Име и презиме:
Васил Баткоски
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Граѓански оддел

Образование:

Дипломиран правник на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје од 1987 година. Правосуден испит положил во Скопје на ден 08.02.1993 година.

Работно искуство:

Вработен како приправник во Основниот суд Струга на 19.03.1990 година. Избран е за судија на Основниот суд Струга на ден 11.07.2002 година каде е претседател на Граѓански оддел во периодот од 2004 – 2008 година. Избран за судија на Апелационен суд Битола на ден 07.05.2009 година.

vasil.batkoski@asbitola.mk

Судија Меџит Шазимани

Судија Меџит Шазимани

Име и презиме:
Меџит Шазимани
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Студирал на Правниот факултет во Пришитна од 1975/76 година, каде и дипломирал на ден 21.03.1981 година. Правосудниот испит го положил во Приштина на ден 18.02.1988 година.

Работно искуство:

Работел во тогашното Окружно јавно обвинителство во Приштина од 1984 до 17.02.1989 година, како приправник, Раководител на писарница, стручен соработник. На ден 17.02.1989 година именуван е за заменик на тогашниот Општински јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство во Приштина се до 1992 година. Во периодот од 1993 до 06.07.2009 година работи како адвокат во Струга. За судија на Апелациониот суд во Битола именуван е на 07.07.2009 година и работи во граѓанскиот оддел. 

medzit.shazimani@asbitola.mk

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_