Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

 

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ГОСТИВАР СОГЛАСНО ЧЛ.33 ОД ЗАКОНОТ ЗА СУДОВИТЕ Е НАДЛЕЖЕН:

  • да решава по жалбите против одлуките на основните судови од своето подрачје;
  • да решава за судир на надлежност меѓу судовите од прв степен од своето подрачје и
  • да врши други работи определени со закон.

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ГОСТИВАР Е ОСНОВАН ЗА ПОДРАЧЈАТА НА ОСНОВНИТЕ СУДОВИ ВО:

  • Гостивар,
  • Тетово,
  • Кичево и  
  • Дебар.

Историјат

           Принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права претставува основен детерминант кој го определува местото на Република Македонија во нејзиниот прокламативно изразен стремеж за вклучување во европските интегративни процеси и етаблирање на соодветно место во европското демократско општество. 

           Функционирањето на судството, како носител на сегмент од власта кој се грижи за обезбедување и афирмација на правната сигурност, има круцијална улога во доследното почитување на принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права што овозможува реализација и унапредување на високите цивилизациски и општоприфатени идеи и стандарди за демократија во македонското социјално милје.

       Во Република Македонија традицијата во судството бележи три периоди во кои судството се формирало и ја извршувало судската функција. Првиот период започнал на Првото заседание на АСНОМ – 2 август 1944 година кога била забележана и прокламирана потребата за судство кое „ќе биде ефикасен и брз заштитник за онеправдените“ и кога била донесен Декларацијата за правата на граѓанинот, а подоцна и Повелбата за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија. Во овој период судството било дефинирано како вршител на судската власт, а судиите независни и должни да судат законито. Согласно со Повелбата за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија, сега Апелациониот суд функционирал како обласен суд кој одлучувал по спорови во прв степен само во изрично предвидени со закон случаи и во спорови по судир на надлежност меѓу тогашните околиски судови и меѓуоколиските судови и народната власт. Со Закон за измение и дополнение на Повелбата за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија објавен во „Службен весник на Федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија“ број 4 од 9 април 1945 година обласните судови функционираат како второстепени судови и судат во втор и последен степен по сите жалби против одлуките на околиските судови а исто така е проширена и надлежноста со тоа што е предвидено обласните судови да судат во прв степен по сите кривични дела против целоста (интегритетот) и сигурноста на Државата и нејзиното устројство; сите кривични дела против државната имовина; фалсификување на парите и нивното растурање; сите други особено тешки за општествениот ред кривични дела, за секој поради безобзирноста на извршителот према народните интереси или нанесената голема штета, а каде била предвидена смртна казна; сите граѓански дела по кои Државата е тужена и сите рударски спорови.

          Со Закон за потврда и измени и дополнувања на Законот за уредуење народните судови од 26 август 1945 година е донесен Закон за уредуење народните судови објавен во „Службен весник“ број 51 од 25.06.1946 година со кој обласниот суд почнува да функционира како Окружен суд, со кој закон воедно била конкретно определена и целокупната надлежност на Окружниот суд, бројот на окружните судови во Народната Република и составот на истите.

          Потоа следи период во кој се донесени повеќе законски акти со кои се регулира и утврдува местото и положбата на судот во општеството, надлежноста, составот и воопшто функционирањето на Окружниот суд и тоа со Закон за судовите објавен во „Службен лист на ФНРЈ“ број 30 од 21 јули 1954 година; Закон за судовите од општа надлежност објавен во „Службен весник на СРМ“ број 42 од 18 декември 1965 година; Закон за редовните судови објавен во „Службен весник на СРМ“ број 10 од 29 март 1976 година со кој е воведена новина, односно отпочнува со функционирање и Окружен стопански суд и Закон за редовните судови објавен во „Службен весник на СРМ“ број 17 на 23 мај 1979 година.

           Согласно со Законот за судовите објавен во „Службен весник на РМ“ број 36/95 во востановениот единствен судски систем, судската власт во Република Македонија ја вршат основни, апелациони и Врховниот суд на Република Македонија. Со одредбите на овој Закон на поинаков и нов начин биле решени прашањата за местото и улогата на судовите во системот на државната власт, па во таа смисла биле напуштени дотогашните називи општински и окружни судови. Со оглед на функционалното значење и карактерот на судовите согласно со одредбата од чл.110 ст.1 и 2 на наведениот Закон за судовите, новата организација на судовите и стварната надлежност стапиле во сила на 1 јули 1996 година од кога општинските и окружните судови започнуваат со работа како основни и апелациони судови. Со новата организација и стварната надлежност апелационите судови кои функционираат во РМ,  а со тоа и Апелациониот суд Гостивар предвидено е да одлучува исклучиво во постапките по жалби против одлуките на основните судови што обезбедува овие судови да бидат исклучиво второстепени за разлика од стварната надлежност на окружните судови.

 

Надлежност и организација

  Организацијата на работата на Апелациониот суд Гостивар е уредена согласно со Законот за судовите и Судскиот деловник.

  Законот за судовите поблиску ја определува надлежноста на апелационите судови, а со тоа и на Апелациониот суд Гостивар и поконкретно со член 33 е предвидено дека апелационите судови се надлежни:

  •   да решаваат по жалбите против одлуките на основните судови од своето подрачје,
  •   да решаваат за судир на надлежност меѓу судовите од прв степен од своето подрачје и
  •   да вршат други работи определени со закон.

   Работата од својата надлежност утврдена со Уставот и законите, Апелациониот суд Гостивар ја извршува преку совети од три и пет судии. Расправите во граѓанските спорови, како и во кривичните предмети се судат во совет составен од двајца судии и тројца судии поротници, а во постапките по предметите за деца советот е составен од еден судија и двајца судии поротници. Согласно со Судскиот деловник објавен во (Сл.в. на РМ бр.66/13 од 9 мај 2013 и Сл.в. на РМ бр.114/14 од 31.07.2014 година) со чии одредби поблиску е уредена внатрешната организација на судот, начинот на работење, водењето на уписниците и другите книги, постапувањето со списите, обрасците, претставките и други прашања од значење за работата на судовите. Во Апелациониот суд Гостивар функционираат три судски оддели, односно кривичен оддел, граѓански оддел и оддел за судска пракса.

    Во кривичниот оддел на судот, согласно со Распоредот за работа на судските совети за 2016 година,  функционираат еден „КСЖ“ совет, два „КЖ“ совети од по три члена, два „КЖ“ совети од по петмина членови, кои постапуваат по предмети кривични предмети, како и по кривични предмети од организиран криминал. Во одделот, исто така, функционира и еден „КЖМ“ совет кој постапува по предмети во смисла на Законот за правда за децата и еден „ПРКЖ“ совет кој постапува по прекршочни предмети.

  Во граѓанскиот оддел на судот функционираат два „ГЖ“ совети, кои постапуваат по граѓански спорови, еден „РОЖ“ совет, кој постапува по предмети од работни односи и   еден „ТСЖ“ совет кој постапува по трговски спорови.

  Согласно со одредбите на член 3 и 92 став 2 од Законот за судовите на седница на судиите на Апелациониот суд Гостивар се утврдува Програма за работа на Апелациониот суд Гостивар за тековната година.

    Согласно со одредбите на член 3, член 88 став 3, член 92 став 2 од Законот за судовите, како  и член 112 од Судскиот деловник Претседателот на Судот по претходно прибавено мислење од седницата на судиите на судот утврдува распоред за работа на судот - на судиите по оддели и совети, а воедно се определуваат претседатели на одделите и судиите кои го заменуваат претседателот во негово отсуство.

   Постапувајќи согласно со одредбите од член 88 ст.1 в.в. со член 97 ст.2 в.в. со став 1 од Законот за судовите в.в. со член 101 од Судскиот деловник, Апелациониот суд Гостивар ја обезбедува соодветната корелација меѓу судот и медиумите, непосредно давајќи информации за постапката по конкретни судски предмети, како и за функционирањето на Судот, што се од интерес за пошироката јавност преку средствата за јавно информирање, водејќи сметка со тоа да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста и со тоа да не се наштети на независноста и самостојноста на Судот.

  Во овој сегмент особено се води сметка обезбедените информации за медиумите да бидат строго проверени, без дискриминаторска основа на секој заинтересиран медиум, согласно со принципот 3 кој претставува прилог на Препораката (2003) 13 на Комитетот на министри при Советот на Европа за обезбедување информации преку медиумите.

   На таков начин Судот овозможува висок степен на отвореност кон медиумите преку креирање разновидни модели на меѓусебна соработка, а со цел да биде почитуван принципот на транспарентност во работата, јакнење на довербата во судството, олеснување на пристапот кон правдата и анимирање на јавноста во борбата против криминалот и другите форми на противправно поведение.

   Апелациониот суд Гостивар остварува редовна соработка со подрачните основни судови од своето подрачје, а во врска со тековни прашања и проблеми кои произлегуваат во текот на работењето, а таа соработка се одвива со непосреден контакт при стручните надзори на основните судови, преку писмен пат доставени прашања за определени проблеми, за кои прашања и проблеми Апелациониот суд Гостивар дава свои мислења по писмен пат, а и непосредно при контактите што се одржуваат за време на стручните надзори и контактите и средбите меѓу Апелациониот суд Гостивар и основни судови од негово подрачје. 

  Апелациониот суд Гостивар остварува перманентна соработка и со другите апелациони судови и Врховниот суд на РМ, а на работните средби на апелационите судови, зема активно учество во расправањето на актуелните прашања и креирањето на заедничката и усогласена правна практика за сите правни области од надлежноста на судовите во Република Македонија.

  Одделот за судска пракса, на експлицитен начин ја презентира актуелната правна практика и заземените правни ставови и заклучоци по усогласените правни прашања и низ срочените сентенции, јасно ја изразува логиката на донесените одлуки, кои едукативно делуваат на помладите судии и стручни соработници.

 

 

 

Судска зграда
Контакт податоци

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести